Заев: Јавната администрација ќе добие К-15, тоа е обврска од колективните договори

Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни.

– Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не само што сме го ветиле, туку е потпишан договор за оваа работа и тој треба да се реализира, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

За тоа, појасни Заев, веќе се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и овој регрес на годишен одмор ќе го добијат сите вработени опфатени со колективните договори.

Тој рече дека Владата се труди да ја рационализира јавната администрација и подигнување на нејзината ефикасност и ефективност.

– Во моментов имаме околу 132 илјади, а пред 4-5 години имаше околу 160 илјади вработени во јавната администрација. Постојаните политики на рационализација и зголемување на ефективноста и ефикасноста на јавната администрација се еден од главите приоритети на Владата. Очекуваме наскоро да стапи во сила и законот за задолжително пензионирање на 64 години, што ќе влијае дополнително на намалување на самата бројка, рече премиерот Заев, додавајќи дека нема зголемување на бројот на јавната администрација, односно дека таа се рационализира.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе