Заев: Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците

Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавање, на пробив, на препознавање, на кодификација и на признавање, и тој денес е признаен во целиот свет. Неговата посебност впишана во личната карта на нашата држава во големото семејство на народи и на земји-членки на Обединетите Нации, напиша премиерот Зоран Заев на Facebook.

На денешен ден, додава, пред 76 години, 7 јуни 1945, на предлог на Министерството за народната просвета, Народната Влада на Македонија донесе „Решение за правописот на македонскиот јазик“ со заклучок истиот да се отпечати во засебни книшки како издание на Министерството за народна просвета.

Со усвојувањето на правописот на македонскиот јазик се заокружува кодификацијата на македонскиот јазик, по воведувањето на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава (2 август 1944) и усвојувањето на македонската азбука (5 мај 1945).

– Оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик. Тоа е така бидејќи нашиот јазик е нашиот идентитет. Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сѐ дури постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик. Тоа е така, затоа што тие две нешта не можат едно без друго, затоа што тие постоеле, постојат и ќе постојат во убава и нераскинлива симбиоза, пишува Заев на ФБ.

Нашата грижа за правописот на македонскиот јазик, додава тој, ја покажавме со поставувањето бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик на интернет достапен за секој граѓанин www.pravopis.mk.

– Наскоро Правописот на македонскиот јазик ќе биде поставен и во интерактивна пребарувачка форма на платформата www.makedonski.gov.mk, каде што заедно со Толковниот речник ќе претставува уникатно место на кое се поставени двете најважни научни публикации за македонскиот јазик ќе бидат едноставно достапни на сите наши граѓани, на нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и останатите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет, без никаков надомест.

Убеден сум дека, како што ние денес ги славиме големите и значајни јубилеи на македонскиот јазик, така и идните генерации Македонци ќе ги слават сите идни годишнини на македонскиот јазик, вели Заев.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Македонија

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Read more

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Read more

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Read more
 

Вести

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе

МВР утврди неправилности - забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Читај повеќе

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе