Заев: Во недела се очекуваат првите 3.000 руски вакцини

Според информациите што ги има премиерот Зоран Заев, во недела во земјава треба по ДХЛ треба да стигнат првите 3.000 набавени вакцини од Русија.

„Секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Сега имам конкретна информација кога ќе стасаат ама како да кажам, ако не стигнат? Во недела ги очекуваме првите три илјади што ќе дојдат преку ДХЛ, а министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и тие да бидат пуштени“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по посета на реконструирана градинка во Карпош.

Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден и Министерство за здравство објави оти се потврдени 21.000 вакцини од Pfizer. Договорот конечно е потврден, рече, после сите прашања кои ги поставија нивните служби.

Министерот Филипче, нагласи Заев, ја кажа и динамиката колку ќе пристигнат во прв, што е за втор квартал, што е за трет и четвртиот квартал.

„Стаса и информацијата и од КОВАКС до крај на првиот квартал, односно до крајот на овој месец ќе стасаат првите количини, а тие се меѓу 20 и 30 илјади. Така што во март ќе почне масовната вакцинација по протоколите – покрај здравствените работници, ќе бидат вакцинирани и хронично болните и возрасните граѓани“, рече премиерот.

Тој истакна дека земјава сè уште очекува вакцини од Кина каде беше платен аванс, кој потоа беше повлечен. На потврдување и осигурување на количините вакцини, рече Заев, покрај министерот за здравство работат и министрите за надворешни работи и за европски прашања.

Заев информира дека има и нови понуди за набавка за вакцина на AstraZeneca, кои, како што рече имаат постабилни количини. Најави дека во текот на денот ќе има разговор со британски претставници од највисоко ниво за да се види дали може за седум до десет дена да стасаат и тие вакцини.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе