ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Заклучен Избирачкиот список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат 1 милион 814 илјади и 263 гласачи.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и 6 лица се водат како внатрешно раселени лица.

– По спроведените промени кои произлегоа од претходните дејствија и обработка на податоците добиени од страна на институциите, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список со следнава состојба: вкупен број на гласачи запишани во ИС се милион 814 илјади и 263 гласачи. Од нив во изводите од ИС се запишани милион 729 илјади и 189 гласачи. Во посебниот извод избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови се запишани 357 и 6 гласачи се внатрешно раселени лица, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК.

Членот на ДИК Борис Кондарко истакна дека Комисијата успеала четири дена порано, пред законскиот рок да ги заврши сите дејствија поврзани со Избирачкиот список односно обработка и целосно ажурирање на ИС за овие избори, заедно со Државниот завод за статистика.

– Покажавме како ДИК согласно законот дека може за неполни 8-9 дена да се завршат сите овие дејствија во врска со доажурирањето на ИС, а не за многу повеќе денови како што се споменуваше во јавноста, 45-50 итн. Со ова појаснувам дека согласно Уредбата од Владата од 21 март, нашиот заклучок од 22 март, решението на претседателот на Собранието, сите изборни дејствија што беа спроведени пред прекинот поради корона-кризата на 21 март беа важечки односно ние продолживме како ДИК да ги спроведуваме сите преостанати дејствија, изјави Кондарко.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека од 15 јуни до 1 јули има 16 дена, а не 8 или 9 дена и тоа поради тоа што се затворени одредени дејствија кои дефинирани во нормална постапка би требало да се спроведат Увидот во избирачкиот список, којшто за жал не се спроведе. – По мое мислење требаше да се спроведе, рече Деркоски.

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, сите лица кои од февруари побарале промена на лична карта или патна исправа, а ги подигнале личните документи заклучно со стапувањето на сила на последната Уредба на 15 јуни, како и нашите државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на избори ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош.

Јанакие Витановски, член на ДИК истакна дека на денот на гласање 1 милион 814 илјади и 263 гласачи ќе бидат полнолетни ќе можат да го остварат правото на глас со лична карта или пасош. Во однос на изборните единици просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово и тоа 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром 66.525 избирачи, Бутел 33.278 итн. Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2.724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи.

Витановски ги повика гласачите да се изјаснат на изборите апелирајќи за почитување на мерките за заштита од COVID-19.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на COVID-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на COVID-19 тоа треба да го направат со полномошник.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип 7, во Прилеп 13 и други.

ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик, но овој дел од седницата беше затворен за јавноста.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе