Замрзнат кратер на Марс блесна на новата фотографија на НАСА

Новата фотографија објавена од американската вселенска агенција НАСА го покажува јужниот кратер, кој е замрзнат.

Инструментот HiRISE, кој се наоѓа на Mars Reconnaissance Orbiter на НАСА, или скратено MRO, направи фотографија од замрзнатата површина на Црвената планета. Зимите на Марс знаат да бидат многу студени, а температурите во близина на половите паѓаат до минус 126 степени. Како резултат на тоа, во некои делови на планетата може да се формира слој од замрзнат јаглерод диоксид, или сув мраз.

До средината на зимата, која трае четири месеци, мразот може да се прошири од половите до средните географски широчини, каде што почнува да се топи поради топлината на сончевите зраци. Тоа може да се спореди со географската ширина на Јужна Канада на Земјата, соопшти НАСА.

Орбитерите можат да забележат мали замрзнати делови на падините свртени кон деловите поблиску до екваторот. Овие локации се изложени на пониски температури бидејќи добиваат помалку сончева светлина, поради што мразот од јаглерод диоксид не се топи.

Најновата фотографија ја прикажува јужната хемисфера на Марс во средината на зимата, а фотографиран е и кратер лоциран на локација блиску до 37 степени јужна географска ширина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NASA (@nasa)

Јужната падина свртена кон југ е покриена со силен мраз од јаглерод диоксид, кој изгледа синкаво на фотографијата направена од орбитерот. Фотографијата откри сув мраз во и околу клисурите на падината, кои се издлабени од отпадни струи кои се појавуваат во потоплите месеци.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе