Заразена наставничка во скопско основно училиште, 17 деца во изолација

Скопје, 7 октомври 2020 (МИА) – Министерката за образование и наука Мила Царовска потврди дека наставничка на деца од прво до трето одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје е позитивна на COVID-19 и од вчера е во изолација, како и учениците на кои им предава.

– Тие се сите од вчера заедно во изолација за да може да се спроведат сите безбедносни мерки за инфекцијата да не се пренесе во училиштето. Наставата кај овие 17 деца тече онлајн преку наставничката бидејќи таа се чувствува добро. Ова е единствен случај во целата држава каде што имаме деца во изолација. Имаме други пет наставници кои биле позитивни, но спроведувале настава онлајн и не биле во контакт со свои колеги или со деца, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања на настанот „Speech4Teachers“.

На прашање дали по појавата на овој случај е оправдана мерката најмалите задолжително да одат на настава со заштитни маски, Царовска одговори дека носењето маски е по препорака на Комисијата за заразни болести и тоа, како што рече, нема да го дискутира тоа и да го става под знак прашалник зашто тие се експерти.

Во врска со протестите на средношколци во Кичево кои бараат настава со физичко присуство, министерката рече дека МОН е во партнерски однос со Сојузот на средношколци и дека е договорено одлуките да се менуваат доколку се подобри епидемиолошката состојба, а ако не, тогаш да се почитуваат одлуките на Комисијата за заразни болести.

Ги повика и средношколците и нивните родители да се однесуваат конструктивно и да  размислат дека новиот начин на учење е за доброто за здрвјето на целото население, особено за општините каде што живеат.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе