Застрашувачки момент кога ајкула ненадејно тргна кон пливач
На Флорида е снимен застрашувачки момент кога ајкула одеднаш ќе тргна во правецот на пливач.
Нејасно е дали пливачот на почетокот бил свесен за ајкулата, но факт е дека ја забележа кога со голема брзина тргна кон него.
Од снимката се гледа дека пливачот стои мирно додека ајкулата не си замина. Се слушаат и гласови кои предупредуваат дека ајкулата се приближува.
Видеото на TikTok го објави Кејти Ван Богарт, а набргу се најде и на другите социјални мрежи.