Згаснат познатиот хакерски форум RaidForums

RaidForums беше затворен откако претходно беа уапсени неговиот основач и модератор.

RaidForums, добро познат хакерски форум популарен кај сајбер-криминалците за купување и продавање украдени бази на податоци, беше затворен како дел од координирана акција на Европол и други полициски агенции од голем број земји. На овој начин беа спречени многу криминалци кои профитираа од продажба на украдени информации.

Се проценува дека во моментот кога бил затворен, на форумот биле понудени повеќе од 10 милијарди уникатни записи. Во глобалната акција учествуваа Европол, британската Национална агенција за борба против криминалот, Министерството за правда на САД, португалската, шведската и романската полиција. Тие соработуваат најмалку една година преку Заедничката акциона група за компјутерски криминал на Европол, преку која се разменувале информации релевантни за акцијата.

Ова овозможи да се дефинираат клучните луѓе зад RaidForums. Благодарение на тоа, САД поднесоа тужба против основачот на RaidForums и неговиот главен администратор, Португалецот Диого Сантос Коељо, кој во јануари беше уапсен во Велика Британија. Тој уште е во затвор во Велика Британија, а постапката за негова екстрадиција во САД е во тек.

Уапсени се уште двајца негови соработници. Еден од нив е (неименуван) 21-годишен британски државјанин, кој беше уапсен во март, кај кого се пронајдени 5.000 фунти, неколку илјади долари и криптопаричник со криптовалути во вредност од половина милион долари.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе