Зголемен број заразени со COVID-19, можно воведување карантин во одредени општини

Бројот на заразени со COVID-19 вчера значително се зголеми. Регистрирани беа 89 нови случаи заразени со коронавирус од кои најголемиот дел се од Скопје-35. Висока бројка на заразени вчера имаше и во Штип, каде беа регистрирани 27 нови случаи, во Куманово 12, во Прилеп еден, во Тетово седум, во Гостивар, Струмица и Свети Николе по еден и во Кочани 4 случаи.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа шест лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово на 54 години.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 17 оздравени пациенти, двајца во Скопје, 12 во Прилеп и тројца во Велес.

Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека епидемиолошката состојба ја имаат под контрола. Според него околу 70 проценти од новите случаи се од веќе познати кластери, пред сè од општините Чаир и Сарај. Тој вели дека и покрај високите бројки на новозаразени, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.

Сепак, вчера се разговарало за евентуално воведување дополнителни рестриктивни мерки, но заеднички став било дека ќе се почекаат податоците од следните два до три дена и потоа ќе се носи одлука. Овие мерки би биле ограничување на движењето, односно карантин за одредени делови каде има поголем број дијагностицирани пациенти и воведување полициски час на локално ниво.

Како главен проблем со кој се соочуваат, Филипче ја наведе слабата соработка со дел од граѓаните кои одбиваат да се тестираат или да се пријават во болница. Апелираше дека сите мора да се придржуваат до препораките и да даваат целосни и вистинити информации до надлежните. Вели дека огромен дел од новодијагностицираните не се придржуваат до мерките за дистанца и носење заштитна маска. Затоа, смета тој, задолжителното носење заштитни маски е добра одлука.

Од вчера поголем број државни и партиски функционери се во самоизолација, а има и позитивни на COVID-19. Позитивна на коронавирусот, покрај потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири е и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Премиерот Оливер Спасовски е негативен на COVID-19, но останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите. Во домашна самоизолација се и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата Марјан Забрчанец, откако имале средби со Зекири. Покрај нив, и градоначалниците на Чаир и на Бутел вчера соопштија дека се во самоизолација.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој заедно сo Зекири учествуваа на дебатна емисија направил тест кој бил негативен, но вели дека ќе се придржува до сите мерки препорачани од здравствените власти.

Во самоизолација се и директорот на Финансиска полиција Арафат Муареми кој бил во контакт со Зекири и директорот на „Службен весник“ Мартин Костовски кој бил во контакт со Лукаревска.

Вкупниот број на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Во рамки на скринингот во градинки и геронтолошки установи, што почна на 13 мај досега се направени 4.035 тестирања, а потврдени се вкупно девет позитивни од COVID-19.

Досега во земјата се направени вкупно 30.302 тестирања на  COVID-19. 

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе