Зголемена фреквенција на патници на Табановце и Јажинце

Од полноќ до 15:30 часот денеска на граничниот премин Табановце во државава влегле 2.133 патници, од кои 1.496 странски и 637 македонски.

Излез од државата, пак, оствариле вкупно 1.589 патници од кои 816 странски и 773 македонски државјани, соопштија од МВР.

Владата синоќа ги извести граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со COVID-19 пандемијата во регионот и големиот број нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР-тест, не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР-тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемиолошка состојба во регионот, соопштија дека во наредните деновите ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР-тест.

 Значително зголемување на фреквенција на луѓе се бележи во текот на денешниот ден на граничниот премин Јажинце откако има можност да се поминуваат границите помеѓу Македонија и Косово без ПЦР-тест за коронавирус, информираат од тамошната полициска станица за гранички проверки.  Според нивните податоци, од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1.500 лица.

-Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15:00 часот преку граничниот премин Јажинце за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1.000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

По излез преку преминот Јажинце, на територија на Косово се влегува на граничниот премин Глобочица.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе