Жена во Јапонија извлечена од урнатините пет дена по земјотресот, има над 90 години

Макфакс
/ 07.01.2024 / 11:18

Жена на 90-годишна возраст, заробена под урнатините пет дена по силниот земјотрес во Централна Јапонија, е спасена против сите шанси. Но, денеска се очекува дека снегот и невремето ќе ги отежнат спасувачките напори.

Најмалку 126 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтер на Нова година и во последователните потреси, а 222 лица сѐ уште се водат за исчезнати. Во земјотресот се урнаа згради, имаше голем пожар, а имаше и цунами бранови повисоки од еден метар.

Надежта за пронаоѓање на преживеани обично исчезнува три дена по разорниот земјотрес. Меѓутоа, старицата поминала пет дена под урнатините на урнатата куќа во градот Сузу пред да биде спасена синоќа. Таа била пренесена во болница и јасно одговарала на прашањата, јавува телевизијата NHK.

„Почекај!“, На снимката од полицијата од местото на настанот, која ја објавија локалните медиуми, можеше да се слушне како спасувачите ја повикуваат жената. „Ќе бидеш добро!“, извикуваа тие додека околу нив паѓаше дожд. „Остани позитивна!“

URL

Портпаролот на токиската полиција потврди за AFP дека спасувањето го извршиле полицајци од Токио и Фукуока, но не можеше да даде повеќе детали. Многу заедници на полуостровот Ното, каде што се случи земјотресот во понеделникот, се отсечени поради оштетените патишта, а некои од околу 1.000 свлечишта ги блокираат и возилата за помош.

До денес попладне се предвидува студениот дожд да премине во снег на полуостровот, на страната на Јапонското Море на главниот остров Хоншу во земјата. Лошото време се заканува дополнително да ја усложни тешката мисија на илјадниците полицајци, војници и други спасувачи.

Исто така, може да ги влоши условите за повеќе од 30.000 луѓе во 366 владини засолништа бидејќи помошта бавно стигнува до областите без вода или струја.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе