Жена загина на автопатот Скопје-Тетово, втора жртва неделава

Тетово, 21 октомври 2021 (МИА) – Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово.

Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место.

–Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино“, патничко моторно возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

За три дена ова е втора сообраќајка на автопатот со жртва. На 19 октомври, 45-годишник од Тетово го загуби животот на истата делница во делот кај натпатникот за Требош.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе