Жената која ја популаризираше медитеранската исхрана откри што јаде секој ден

А.С.
/ 03.07.2023 / 15:38

Има малку диети кои лекарите ги сакаат како медитеранската исхрана.

Многу студии ја издвоија како најдобра форма на исхрана за здравје и долговечност. Диетата се базира на исхраната на земјите покрај Средоземното Море со акцент на внесот на зеленчук, здрави масти и протеини.

Медитеранската исхрана се темели на морска храна, свежи производи, житарки, јаткасти плодови и семки.

Овој начин на исхрана е богат со витамини, како и важни хранливи состојки како што се влакна и полифенол.

Медитеранската исхрана може да и спречи појава на неколку видови на карцином.

Со оглед на тоа дека диетата се фокусира на здрави масти како што се маслиново масло, авокадо и лосос, може да го намали и лошиот холестерол кој е главна причина за кардиоваскуларни заболувања и дебелеење.

Иако првпат беше опишана во 1960 година, диетата беше модернизирана и прилагодена во 90-тите со помош на Сара Баер-Синот и истражувачи од Универзитетот Харвард. Баер-Синот сега откри што јаде во еден ден.

Појадок

Баер-Синот следи план за појадок каде три работи се важни. Нејзиниот прв оброк мора да се состои од цели зрна, чаша исечено овошје и извор на протеини (јогурт, тврдо варени јајца или изматени јајца). Препорачува грчки јогурт или традиционален шпански појадок, кој се состои од тост леб од цели зрна со намаз од пасирани зрели домати и малку маслиново масло.

Ручек

Медитеранската исхрана треба да биде едноставна, што значи дека е важно да се наполни чинијата со зеленчук и да се намали количината на месо. Не плашете се од мастите, особено од екстра девственото маслиново масло, јаткастите плодови, кикиритките, маслинките и авокадото.

Баер-Синот вели дека најлесно е да се јаде салата или солени закуски како хумус, фета сирење и маслинки, кои во Шпанија се служат со чаша црвено вино.

Вечера

„Синоќа јадев лосос и салата со цели зрна, зелен лиснат зеленчук и сирење“, вели Баер-Синот.

Ако сакате десерт, таа препорачува да јадете свежо овошје.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе