Жените кои работат ноќни смени се изложени на поголем ризик од рак

Жените кои работат ноќни смени имаат 20 отсто поголеми шанси да развијат некаков вид на рак, а посебно се изложени на ризик медицинските сестри, покажува новото истражување, пишува The Independent.

Разложувајќи го ризикот по време поминато во ноќни смени, кинеските истражувачи предвидоа дека ризиците се зголемуваат за околу 3,3 проценти на секои пет години поминати во редовни ноќни смени.

Тие дошле до заклучок откако анализирале 61 студија која ја испитувала врската помеѓу долготрајните ноќни смени и 11 видови на рак.

 

„Со оглед на зголемената преваленца на работа во смени ширум светот и големиот јавен товар од лекувањето на ракот, ја започнавме оваа студија за да го привлечеме вниманието на јавноста кон ова прашање“, рече водечкиот автор д-р Ксуелиеи Ма, онколог од Медицинскиот центар на Универзитетот во Западна Кина Сечуан.

Истражувачите откриле дека работниците во ноќна смена имаат 41 отсто поголеми шанси да добијат рак на кожата и 32 отсто поголеми шанси да добијат рак на дојка. Сепак, зголемениот ризик од рак на дојка е забележан само кај европските и северноамериканските популации.

Медицинските сестри кои работеле ноќни смени имале 58 отсто поголеми шанси да ја развијат болеста во споредба со жените кои работеле само во текот на денот.

Студијата, објавена во списанието Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention, ги анализирала луѓето по занимање и открила дека медицинските сестри кои работеле ноќни смени имаат најголем пораст на ризикот од рак од која било друга група.

„Едно можно објаснување за зголемениот ризик од рак кај популацијата која сестри во ноќни смени може да биде поврзана со специфичните барања на работата“, смета д-р Ма.

Претходните студии сугерираа дека луѓето кои работат ноќни смени имаат поголема веројатност да имаат проблем да најдат време за вежбање. Утврдено е и дека имаат нездрави навики во исхраната и животниот стил, како што е пушењето, кое е главен фактор на ризик за рак и голем број други болести.

Речиси четири милиони жени од Северна Америка, Европа, Австралија и Азија учествуваа во сите студии од споменатата анализа

„Нашата студија покажува дека работата во ноќни смени служи како фактор на ризик за вообичаени видови на рак кај жените. Овие резултати можат да помогнат да се воспостават и имплементираат ефективни мерки за заштита на жените кои работат во ноќни смени. Жените кои практикуваат таква работа долго време треба да има редовни систематски прегледи“, заклучи д-р Ма.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе