Жестоки улични немири во Аргентина поради реформите на новиот претседател

Макфакс
/ 02.02.2024 / 12:31

За време на маратонската расправа за законодавниот пакет на ултралибералната влада во парламентот на Аргентина, синдикалците и социјалните активисти се судрија со безбедносните сили во Буенос Аирес. Аргентинските медиуми објавија дека демонстрантите ги тепале полицајците со парчиња дрво и дека полицијата пукала со гумени куршуми и солзавец кон толпата.

Во меѓувреме, парламентот втор ден по ред расправа за сеопфатниот реформски пакет на новиот претседател Хавиер Милеи. Пакетот вклучува трансфер на дел од законодавната власт на владата за две години, овозможува приватизација на бројни државни претпријатија и предвидува измени на даночните и изборните закони.

Економистот Милеи ја презеде функцијата во средината на декември со план за радикална обнова на државата која е во тешка економска ситуација. Стапката на инфлација е над 200%, а околу 40% од луѓето во некогаш просперитетната земја живеат под прагот на сиромаштија.

Втората по големина економија во Јужна Америка има пренатрупан државен апарат, ниска индустриска продуктивност и огромна сива економија што ја лишува земјата од клучните даночни приходи. Националната валута продолжува да ја губи вредноста во однос на американскиот долар, а долговите на земјата продолжуваат да растат.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе