Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села синоќа на прес-конференција си даде оставка по завчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово.
На прес-конференцијата во Тетово по синоќешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на партијата тоа право го има само двапати.
На завчерашните избори, Алијанса за Албанците не освои ниту еден мандат во Советот на Општина Тетово.