Знаци кои говорат дека колегите на работа не ве поднесуваат

Многу е важно да имате добри односи со колегите на работа, но и да знаете кој премногу не ве симпатизира.

Нема нешто полошо од тоа да одите на работа со згрчено срце поради лоша атмосфера меѓу колегите. Обично, самите чувствуваме кога некому не сме му симпатични, но ако се двоумите набљудувајте како колегите се однесуваат кон другите бидејќи често знаеме и да претераме.

Ако не сте сигурни дали се наоѓате на нечија тајна листа за најантипатични луѓе во фирмата, можеби овие знаци ќе ви помогнат да дознаете.

Вашите идеи ги претставуваат како нивни

Ако сте забележале дека вашите идеи константно се цел на кражба во канцеларија, не треба многу филозофија за да сфатите дека не сте баш симпатични во фирмата. Запрашајте се поради што сте се довеле во таква ситуација и што правите погрешно. Важно е да ставите граница ако тоа стане хроничен случај.

Избегнуваат комуникација

Дали колегите ве поздравуваат со краток поздрав или пак застануваат и разменуваат со вас неколку реченици?

Ако најчесто станува збор за првата опција, не е тешко да заклучите дека веројатно не сте им најомилени. Дали ве исклучуваат од неформалните канцелариски разговори, никогаш не се шегуваат со вас, се групираат без вас? Не е потребно да сте генијалец за да сфатите што е работата.

Ве исклучуваат

Никогаш не ве канат на заедничка пауза или на дружба по работа? Ако имате чувство дека се наоѓате како во сцена од „Mean Girls“ и тоа меѓу аутсајдери, јасно е дека не им сте драга личност.

Се поставуваат над вас

Ако имате колега кој постојано се поставува над вас, а не ви е надреден, дефинитивно треба да го избегнувате.

Не ги интересира вашиот приватен живот

Другите колеги често зборуваат за децата или хоби активностите, но со вас никогаш не разговараат за тоа? Вистината боли, но таа е – не ги интересирате ниту вие, ниту вашиот приватен живот.

Невербална комуникација

Колегите ги превртуваат очите на вас, ги држат рацете прекрстени додека разговараат со вас или не ја креваат главата за да ве поздрават кога влегувате во канцеларија? Сигурно ви е јасно дека не сте баш најпопуларната личност на работа.

Кога ќе сфатите дека сте потценети и од колегите и од шефот, тоа е една од причините зошто многумина се одлучуваат за промена на работното место. Особено ако сте се увериле дека објективно сте слабо платени и во некој разумен рок не можете да постигнете зголемување на платата, тогаш е време да побарате подобра прилика и секако, подобри колеги.

Тагови
реклама

Живот

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само пет минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе