Знаци кои откриваат недостиг на витамин Б во организмот

За правилна работа на нашиот организам и одбранбениот систем, на телото му се потребни витамини, минерали и други хранливи состојки. Едни од тие значајни витамини се и оние од Б групата, кои ги дефинираме како есенцијални нутриенти важни за организмот.

Неопходни се за процесот на создавање енергија, за метаболизам на јаглехидрати, масти и протеини, создавање крвни зрнца, правилна работа на дигестивниот систем и здравјето на кожата и косата.

Како да познаеме дали ни недостига витамин Б?

Симптомите не се секогаш видливи на прв поглед, но ако обрнете внимание, брзо ќе ги забележите. Тоа се најчесто: мускулна слабост, општ умор, губење на апетит, несоница, раздразливост, повраќање, постојани главоболки, неретко и депресија.

Ако не се открие навреме, може да се јави и хроничен недостиг на витамин Б3 карактеризиран со дерматитис, груба и воспалена кожа и нарушувања во нервниот систем.

Знаци на недостиг на витамин Б6 најчесто се грчеви, дигестивни проблеми, ненадејно опаѓање на косата, задржување вода во текот на бременост, вкочанетост или грчење во рацете и нозете, проблеми со видот, артритис, зачестено мокрење и првут на кожата.

Недостиг на Б12 се одразува скоро во секоја клетка на организмот бидејќи е потребна за репродукција на клетките и нивна поделба. Како главен симптом се јавува мегалобластична анемија, а потоа и многубројни оштетувања и невролошки нарушувања.

Останатите симптоми на недостиг се чувствителна кожа, слабост, намалени рефлекси, тешкотии во говор и одот, како и грчење на екстремитетите.

Нутриционистите советуваат дека урината е најдобар показател за тоа кога станува збор за количината на витамин Б во организмот. Со оглед на тоа што овие витамини растворливи во вода секојдневно ги губиме со излачување, главен показател на недостиг ќе биде урина со светла боја.

Урина со темна боја укажува дека нема недостиг на витамин Б во организмот.

Најдобар извор на Б витамини

Најдобри природни извори се квасец, црн дроб, житарки од цело зрно, ориз, јаткасти плодови, млеко, јајца, риба, овошје и зелен лиснат зеленчук.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе