Знаци кои покажуваат дека вашето дете повеќе не треба да спие преку ден

Според мислењето на медицинската сестра Џејн Бари, постојат неколку јасни знаци кои покажуваат дека вашето дете е спремно да престане со спиење во текот на денот.

Време е за спиење, но вашето дете е сосема будно и активно

Доколку детето престане да ги трие очите во време на дневен одмор, тоа е еден од првите знаци.

„Ако вашето дете делува свежо и будно кога инаку би требало да спие, следете го тој знак. Важно е да ги препознаете знаците кои укажуваат на потребата за спиење. Во некои денови можеби сепак ќе му треба малку повеќе одмор и тишина“, вели таа.

Времето за спиење е многу подоцна од вообичаено

Секој родител го сака периодот на дневен одмор на детето, поради што настојува да го продолжи што подолго. Но, ако детето го поместува ноќното спиење од 19 часот на 22 или 23 часот, тоа може да биде знак дека попладневниот одмор не му е потребен.

Случајно сте го испуштиле попладневниот одмор, а детето нема испади до крајот на денот

Вашето дете толку добро се однесувало на детска забава или во супермаркет што воопшто не сте ни забележале дека не е спиено во текот на денот. Се подготвувате за неизбежна нервоза попладне или навечер, но изостанува до крајот на денот.

Промена во рутините

Секој период на раст или промени во рутините може да ја исфрли теоријата за укинување на дневниот одмор од колосек, поради тоа Џејн советува да бидете флексибилни и подготвени за адаптирање на потребите на детето.

Време за мир и тишина

„Сите деца можат да имаат корист од тоа да минат дел од денот во мир и во тишина“, вели Џејн.

Значи, ако вашето дете повеќе не одмора во текот на денот, немојте да ги занемарите предностите кои со себе ги носи времето минато во мир во собата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Здравје

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more
 

Магазин

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе