Знаци кои укажуваат на бавен метаболизам

Бавниот метаболизам значи дека телото не може доволно брзо да ја претвори храната во енергија.

Метаболизмот е познат термин за повеќето луѓе, но ретко кој може точно да објасни што е тоа или како функционира. Метаболизмот ги претставува сите биохемиски процеси кои се случуваат во телото кога внесената храна се претвора во енергија.

Главните функции на метаболизмот се:

– Претворање на енергијата од храната во енергија потребна за започнување на клеточните процеси

- Претворање на храната во клеточни делови за протеини, масти, нуклеински киселини и некои јаглехидрати

– Елиминација на метаболички отпад

Покрај тоа, зборот "метаболизам" често се однесува на варење и транспорт на супстанции помеѓу клетките низ телото. Терминот „метаболизам“ се користи и во популарната литература за исхрана за да ја означи стапката на согорување на калории во телото.

Постојат неколку симптоми кои може да укажуваат на бавен метаболизам.

Замор

Многу работи можат да бидат причина за замор, вклучувајќи очигледни фактори како што се недостаток на сон и физичка работа. Меѓутоа, ако често сте уморни, тоа може да биде знак дека вашиот метаболизам е забавен бидејќи вашето тело не може доволно брзо да ја претвори храната што ја јадете во енергија.

Сува кожа и коса

Кога метаболизмот не работи добро, телото не може доволно брзо да ги обнови клетките важни за здравјето на кожата и косата и затоа тие стануваат суви. Сувата кожа и коса може да укажуваат и на многу други работи, како што е лошата исхрана.

 Потребата за слатки

Желбата за одреден вид храна често укажува на тоа дека на телото му е потребна енергија. Ако јадете добро и спиете доволно, но сепак чувствувате силна потреба за слатки и храна со скроб, тоа може да значи дека вашиот метаболизам не ја преработува добро храната што веќе сте ја изеле во енергија која му е потребна на вашето тело.

Се дебелеете и покрај здравата исхрана

Природно е дека метаболизмот се успорува со возраста, што го отежнува одржувањето на здрава тежина, но ако се храните здраво и внимавате на внесот на калории, а сепак се дебелеете, веројатно станува збор за бавен метаболизам.

Секогаш ви е ладно

Метаболизмот е одговорен и за одржување на телесната топлина, а доколку работи бавно, резултатот ќе биде постојано чувство на студ. Ова особено ќе го почувствувате навечер кога ќе се покриете со неколку слоеви во креветот за да се загреете.

Чести промени на расположението

Постојаното чувство на исцрпеност, додека вашето тело се бори да ја обработи храната, може да биде резултат на честа раздразливост и постојани промени во расположението.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе