Знаци на Алцхајмерова болест откриени кај насукани делфини

Во студијата спроведена на мозоци на три различни видови на насукани делфини, откриено е дека тие имаат маркери за човечка Алцхајмерова болест.

Насукувањето на делфините не е ретка појава. Китовите и делфините често се собираат во групи на плажите и плитките води. Понекогаш тимови од експерти успеваат да ги вратат овие морски животни во длабочините и на тој начин да ги спасат, но многу од нив умираат. Додека примарните причини за заглавувањето се нејасни, истражувањето кое се обидува да ја реши оваа мистерија е во тек.

Истражувачите од Универзитетот во Глазгов, Сент Ендрјус и Единбург, како и од Истражувачкиот институт Моредун во Шкотска, со анализа на мозоците на 22 делфини, откриле дека некои од нив содржат клучни промени поврзани со Алцхајмерова болест. Станува збор за пет видови на делфини, а секој од нив имал маркери на споменатата болест.

„Бев заинтересиран да одговорам на прашањето дали само луѓето страдаат од деменција. Нашето истражување покажува дека потенцијалната патологија поврзана со деменција не е единствена само за луѓето“, вели коавторот на студијата, професорот Френк Ган-Мур од Универзитетот во Сент Ендрјус.

Податоците од истражувањето би можеле да понудат одговор на феноменот на заглавување. Научниците рекоа дека резултатите би можеле да ја поддржат теоријата за „болен водач“, во која здрава школа на делфини се наоѓа во опасно плитки води следејќи водач на групата кој се збунил или изгубил.

Животните биле анализирани за да се бараат „знаци“ на Алцхајмерова болест, а резултатите откриле дека мозокот на постарите животни содржи амилоид-бета плаки, но и други патологии поврзани со деменција. Ова јасно покажува дека одредени видови на делфини развиваат невропатологија слична на Алцхајмеровата болест.

„Ова се значајни наоди кои за прв пат покажуваат дека патологијата на мозокот на заглавените делфини е слична на онаа на човечкиот мозок со Алцхајмерова болест. Во оваа фаза, примамливо е да се шпекулира дека присуството на лезии на мозокот укажува дека делфините може да страдаат од когнитивните недостатоци поврзани со Алцхајмеровата болест кај луѓето, но потребни се повеќе истражувања за подобро да се разбере што се случува во случајот со животните“, рече д-р Марк Даглиш од Универзитетот во Глазгов.

Сепак, истражувањето не е дефинитивна потврда дека животните страдале од истите когнитивни дефекти забележани кај Алцхајмеровата болест кај луѓето.

„Фасцинирани сме да гледаме промени во мозокот на постарите делфини бидејќи тие се слични на оние кај постарите луѓе, како и во случајот со Алцхајмерова болест. Дали овие патолошки промени придонесуваат за насукање на делфините е интересно и важно прашање за понатамошната работа“, изјави професорката Тара Спајрс-Џонс од Универзитетот во Единбург.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе