Знаете ли како изгледа јајце со младенче од ајкула?

Светот на животните е фасцинантен и неверојатен, а многу работи сѐ уште се енигма за научниците. Дали досега сте виделе како изгледа јајце со младенче од ајкула?

Јајце со младенче од ајкула не е баш секојдневна глетка или нешто на што така лесно може да наидете, но токму тоа му се случи на еден рибар, кој одлучи на сите да им покаже како изгледа тоа.

Рибарот неговите авантури редовно ги споделува на TikTok профилот zoo_look_fishing, па токму овде може да ја дознаете неговата неверојатна приказна за јајцето со бебе ајкула. Тој случајно на плажа пронашол јајце внатре со живо младенче од ајкула кое потоа го зачувал и спасил од сигурна смрт.

„Го најдов ова малечко во јајце на плажа. Го донесов дома со надеж дека ќе го излекувам и повторно ќе го пуштам во природата. Ако го оставев, ќе се исушеше и загинеше на плажа“, објаснува рибарот

@zoo_look_fishing Our little friend is still alive and well! Really hope this little sharks survives and we can see it hatch to safely return it to the ocean. #ocean #sharkegg #babyshark #hatch #grow #saveouroceans #savethesharks ♬ Get You The Moon - Kina

Фасцинантната снимка има над 24 милиони прегледи и се гледа необично јајце во облик на капсула, додека во внатрешноста има живо битие.

Некои ајкули ги раѓаат младенчињата живи, додека други положуваат јајца во карпи или алги.

„Со големите бранови понекогаш се „откачуваат“ и завршуваат на плажа. Ова е прв пат да пронајдам јајце со живо суштество во него. Обично се празни“, вели рибарот.

Засега, јајцето го чува во сад со малку песок на дното.

„Нашиот пријател и понатаму е жив. Навистина се надевам дека ќе преживее и дека ќе го вратиме безбедно во океанот. Многумина ме прашаа зошто едноставно не го вратив во водата. Ако го сторев тоа, брановите повторно ќе го исфрлеа и ќе загинеше. Минаа неколку дена, а тој станува посилен и се надевам дека ќе преживее“, додава тој.

„Природата е фасцинантна, не знаев дека ајкулите положуваат јајца додека не ја видов оваа снимка“, гласи еден од коментарите.

Тагови
реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе