Зошто Да Винчи и Ботичели додавале жолчки во маслените бои?

Иако можеби не ги разбирале хемиските процеси што се случуваат при додавањето на жолчката, тие знаеле што прават, тврдат научниците.

„Раѓањето на Венера“ од Сандро Ботичели

Употребата на жолчка од јајце како врзивно средство за пигменти е техника позната уште од дамнина. Истражувањата покажаа дека овој метод се користел и за боите што се користеле за сликање на претставите во палатата на Нестор во Пилос, град на Пелопонес, околу 1200 година п.н.е.. Многу подоцна, во XV век, во Европа се случила промена во сликарските техники, кога мајсторите почнале да користат маслени бои.

Студиите направени на некои од најважните дела на ренесансните уметници - Сандро Ботичели или Леонардо да Винчи, открија докази за траги од јајца на нив. Оваа техника на мешање жолчки и масло на експертите им била позната одамна – но она што не им било јасно е целта на сето ова.

Која била целта на оваа мешавина?

Меѓународен тим хемичари решил да открие зошто големите мајстори користеле жолчки од јајца во маслени бои во нивните дела во текот на XVI, XVII и почетокот на XVIII век. За да го направат тоа, тие додале жолчки од јајца во разни видови масло за да видат како тоа влијае на нив.

„Има многу малку пишани извори и не постои ниедна научна работа што е направена претходно за да се истражи оваа тема“, вели Офели Ранкет, истражувач од Технолошкиот институт во Карлсруе и главен автор на студијата, објавена во списанието Nature Communications.

Така, за да го спроведат експериментот, истражувачите насликале три слики. Првата била направен од пигмент мелен со ленено масло, втората имала речиси идентична мешавина со додавање на неколку капки жолчка од јајце, додека третата била направена од мешавина од пигмент и разреден раствор на жолчка од јајце измешан со масло. Резултатите откриваат дека жолчката од јајце може да влијае на бојата, во зависност од тоа како е додаден и пигмент што се користи.

„Со менување на техниката на подготовка, можете да ги промените својствата на бојата. Затоа, две бои со ист состав може да имаат различни микроструктури и тоа ќе резултира со различни својства“, вели Илариа Бонадуче, истражувач од Универзитетот во Пиза.

Студијата исто така покажа дека влагата има помал ефект врз боите кога се прави со жолчка од јајце. Исто така, техниката на правење бои со жолчка од јајце го зголемува времето на сушење, што исто така помага да се заштитат сликите. Сето ова покажува дека сликарите знаеле дека со користење на жолчка од јајце го подобрувале квалитетот на нивните слики, велат истражувачите.

„Прилично сум сигурна дека тие не ги знаеле хемиските и физичките својства на целиот овој процес, но знаеле што прават“, заклучува Бонадуче.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе