Зошто и мажите и жените лажат за бројот на сексуални партнери?

Познато е дека мажите сакаат да го преувеличуваат бројот на партнерки бидејќи сакаат да се покажат како големи заводници и „вистински мажи“, додека жените го намалуваат бројот на партнери за да ги задоволат очекувањата поврзани со посакуваното сексуално однесување за жените.

„Живееме во општество во кое од мажите сè уште се очекува да бидат сексуално доминантни, а жените би требало да им бидат подредени бидејќи се смета дека премногу сексуално искуство ќе ги упропасти. Токму затоа мажите ја „пумпаат“ бројката, а жените ја смалуваат“, објаснува д-р Ники Долдстајн.

Студија на Универзитетот во Охајo покажа дека жените ќе признаат облик на однесување што ја намалува нивната женственост, еднакво како што мажите ќе признаат некои облици на однесување типични за жените како пишување поезија и плачење на филмови. Но, кога во прашање е сексот, ретко кој е искрен.

На анкета во која учествувале 293 испитаници на возраст од 18 до 25 години дел од испитаниците, кои одговарале на машко-женски прашања, прифатиле на одат на полиграф којшто всушност бил лажен. Испитаниците од двата пола признале дека се однесуваат атипично за нивниот пол, без разлика колку тоа ја намалува нивната женственост или мажественост.

Но, неправилности се забележани кај прашањата поврзани со сексуалното однесување. Жените кои биле на „полиграф“ признале поголем број на партнери од жените кои не биле. Обратно пропорционално, мажите кои биле на „полиграф“ признале во просек значително помал број на партнерки.

Уште една причина поради која луѓето лажат за бројот на сексуални партнери е чувството на срам. Луѓето се грижат за тоа што е нормално, а кога станува збор за сексот, тешко е да се дефинира што е нормално.

Факт е дека луѓето се опседнати да се споредуваат себеси со другите, да се вклопат некаде за да не бидат осудувани.

Сите имаат различни погледи на сексот и на тоа колку партнери е нормално да имаат, па затоа потешко признаваат за вистинската бројка со страв дека може да разочараат некого.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе