Од објавувањето на трејлерот за Barbie, целиот свет стана опседнат со најновата комедија на режисерката Грета Гервиг, но еден детаљ од трејлерот особено воодушеви некои фанови.
Станува збор за сцена во која за момент ги гледаме стапалата на актерката Марго Роби.
Интернетот со години е опседнат со стапалата на познатите актерки, а на сајтот wikiFeet, каде се оценуваат стапалата на познатите ѕвезди, Марго Роби добила најдобри оценки. Во интервју за CinemaBlend, Роби откри дека опсесијата на обожавателите со нејзините стапала и е малку чудна, но се чувствува поласкано.
Главната причина зад оваа фасцинација се филмовите во кои стапалата на актерката беа во преден план на некои сцени. Во продолжение откриваме за кои филмови станува збор.
Сè започна во 2013 година со филмот The Wolf of Wall Street, за време на кој ликот кој го игра Роби му ги става потпетиците на главата и градите на Леонардо Дикаприо во една сцена, што предизвика лавина онлајн разговори. Иако во фокусот на сцената беше сексипилноста на актерката, не требаше долго за нејзините стапала да почнат да привлекуваат внимание во следните филмови.
Сите знаат дека режисерот Квентин Тарантино сака да вклучува кадри со боси нозе во своите филмови. Once Upon A Time In Hollywood не е исклучок. Во една сцена, Шерон Тејт, која ја игра Марго Роби, оди во кино на проекција на нејзиниот филм, ги соблекува чизмите и ги става валканите стапала на седиштето пред неа. Иако во овој филм имаме многу сцени со стапала, оваа е најзапаметена.
Роби ја играше Харли Квин во филмот The Suicide Squad, на општо задоволство на обожавателите. Но, освен одличната актерска изведба, таа на светот му приреди уште една сцена со стапала. Во еден момент Харли е заробена, а за да побегне, со нозете го дави киднаперот, а со прстите фаќа клуч и го отклучува катанецот на рацете.
Последниот филм кој ги стави стапалата на Роби во центарот на вниманието е Barbie на Грета Гервиг. На трејлерот се гледа како Роби ги собува штиклите и стои на прсти како куклата што ја отелотворува. Ова предизвика лавина реакции, а стапалата на Роби повторно се хит на TikTok на wikiFeet.