Зошто Хенри Кавил не ја доби улогата на Џејмс Бонд?

Во тек е потрагата по актер кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, а меѓу фаворитите е и Хенри Кавил, кој веќе се натпреваруваше за истата улога во филмот Casino Royale во 2006 година.

Улогата потоа му припадна на Крег, а Кавил со години беше убеден дека не ја добива поради неговата лоша физичка состојба, но режисерот Мартин Кембел во едно неодамнешно интервју ја откри вистинската причина за тоа.

„Тој беше одличен на аудицијата. Одлично се однесуваше... Изгледаше одлично, беше во одлична физичка форма... Многу убав, многу извајан. Сепак, тој беше малку премлад во тоа време", изјави Кембел.

Изгледа дека годините може повторно да играат улога во трката за Џејмс Бонд. Кавил моментално има 40 години, а поради долгиот ангажман што го бара оваа улога, продуцентите Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон бараат актери кои се во средината на триесеттите, пишува ScreenRant. Покрај Кавил, кандидати за улогата се и Арон Тејлор-Џонсон, Реге-Жан Пејџ, Ричард Маден, Том Хидлстон и Том Харди.

На Кавил не му помага ниту тоа што би бил премногу совршен Бонд, бидејќи ги има сите карактеристики на класичниот приказ на тој лик. Имено, продуцентите изјавиле дека овојпат сакаат да направат нова верзија на Бонд, која досега не е видена, поради што би можеле да размислуваат надвор од рамката при изборот на актер. И покрај ова, Кавил и понатаму е миленик на фановите за улогата на најпознатиот британски шпион.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Филм & ТВ

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Read more

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Читај повеќе
  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе