Зошто мажите почесто заболуваат од рак од жените?

Истражувањата покажуваат дека мажите се изложени на поголем ризик од повеќето видови на рак, дури и кога се исклучени фактори како што се пушењето или консумирањето алкохол. 

Една нова студија покажа дека мажите имаат 10,8 пати поголем ризик да заболат од рак на хранопроводникот отколку жените. Овие резултати покажуваат дека постојат и други фактори како што се хормоните, генетиката или здравјето на имунолошкиот систем кои се вклучени или во зголемен ризик од развој на рак кај мажите или во намален ризик кај жените.

Стапката на инциденца на повеќето видови на рак е повисока кај мажите отколку кај жените, но досега оваа разлика обично се припишуваше на нивните лоши навики и нездравиот начин на живот. Сега, најновото истражување покажа дека, дури и откако ќе се земат предвид факторите како што се пушењето или консумирањето алкохол, стапките на болеста се значително повисоки кај мажите отколку кај жените. Спроведената студија сугерира дека фундаменталните родови разлики играат многу поголема улога.

„Бевме многу изненадени од резултатите и информациите дека за многу видови на рак овие фактори на животниот стил имаат толку мало значење“, изјави за Verywell водечкиот автор на студијата Сара Џексон, истражувач во Националниот институт за рак во САД. Сепак, никој не е изненаден што во овој случај постојат полови разлики.

Истражувачите од Националниот институт за рак ги проучувале податоците за инциденцата на рак кај мажите и жените. Тие проучувале вкупно 21 тип на рак - рак на тироидната жлезда, жолчен меур, ректум, бубрег, желудечна кардија (областа на желудникот што се граничи со хранопроводникот), билијарен тракт, анус, дебело црево, бубрег, бели дробови, кожа, црн дроб, орофаринкс, грклан, мочен меур, желудник, глава и врат, уста, панкреас и хранопроводник. Податоците се земени во периодот од 1995 година до 2011 година.

Од 171.274 мажи и 122.826 жени на возраст од 50 до 71 година кои биле вклучени во студијата, 17.951 нов рак се појавил кај мажите, додека значително помалку се појавил кај жените - 8.742. Авторите на студијата можеле да пресметаат колку е поголема фреквенцијата на специфични типови е рак кај мажите.

  • Езофагеален аденокарцином: 10,8 пати поголем кај мажите
  • Рак на грклан: 3,5 пати повисок кај мажите
  • Рак на желудечна кардија: 3,5 пати повисок кај мажите
  • Рак на мочниот меур: 3,3 пати повисок кај мажите

Стапките на рак на црниот дроб, билијарниот тракт, кожата, дебелото црево, ректумот и белите дробови исто така биле значително повисоки кај мажите. Единствените видови на рак кои почесто се појавувале кај жените биле ракот на тироидната жлезда и ракот на жолчното кесе.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе