Зошто не доживувате оргазам?

Откриени се најчестите причини зошто не достигнувате кулминација за време на интимните односи.

Британската експертка за интимни односи Трејси Кокс ги наведе двата најголеми проблеми кои жените ги имаат во кревет, а кои ги спречуваат целосно да уживаат, па сподели и совети кои ќе им помогнат да ги надминат.

Кокс истакнува дека првото нешто за кое жените треба да престанат да се грижат за време на интимниот чин е изгледот. Таа зборуваше за големото истражување кое ја откри врската помеѓу изгледот на телото и задоволството од интимните односи. Научниците открија дека една од десет жени доживува анксиозност поради опуштени гради, прекумерна тежина или „несовршено“ тело. Ова, пак, негативно влијае на нејзината возбуда, желба, зачестеност на оргазми и сексуални односи.

Кокс нагласи дека ако жената се срами од своето тело и го смета за грдо, таа се спротивставува некој да ја гледа или да ја допира. Само прифаќањето себеси со сите ваши маани, еманципација и внатрешна слобода ќе го подобри квалитетот на вашиот интимен живот. Кокс ги советуваше жените почесто да имаат односи, повеќе да се занимаваат со љубовната игра, да не се плашат да преземат иницијатива и да му кажат на партнерот што сакаат и што им треба.

Како друг чест проблем, Кокс ја наведе прекумерната загриженост на жените за оргазмот. Сепак, според нејзиното мислење, кулминацијата за време на интимноста не е крајната цел, туку само „десерт на крајот од добрата вечера“.

Оргазмот се случува кога сме среќни, опуштени, на вистинското место и не чувствуваме никаков притисок. Ваквите идеални околности не се случуваат често, а сепак продолжуваме да се нервираме што не доживуваме експлозивни оргазми редовно.

Наместо сексот да биде цел сама по себе, Кокс вели дека е поважно да уживате во задоволството од врската. Во исто време, доколку навистина сакате да дојдете до кулминација за време на „акцијата“, секогаш можете да користите вибратор како дел од љубовната игра, додаде таа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе