Зошто не можат да најдат љубов? Лавот е егоист, Бикот предвидлив

Се вели дека секој има своја сродна душа, но во пракса не е секогаш така.

Откријте ги најчестите причини зошто членовите на Зодијакот избираат погрешен партнер или едноставно имаат постојан статус на „слободни“.

Без разлика дали се чувствуваат несреќни во љубовта, се разочарани по љубовен бродолом, сакаат некој што не се грижи за нив или едноставно прават пауза од „потрагата по сродна душа“, факт е дека денес има сè повеќе луѓе кои се изјаснуваат како „сингл“. Некои од причините за ваквиот „соло статус“ можеби се кријат во хороскопскиот знак.

Овен

Оставаат впечаток дека се секогаш гласни, арогантни, агресивни и застрашувачки, поради што потенцијалните партнери и додворувачи може да се чувствуваат непријатно околу нив.

Бик

Тешко е да се влезе во животот на Биковите, кои се чини дека се сложени „од темел до покрив“, а нивната љубов и лојалност се чини дека се однапред договорени, така што нема место за ништо ново.

Близнаци

Некако е многу тешко за луѓето кои се во нивната околина сериозно да ги доживеат Близнаците, преку перспектива на лојален и траен партнер, па затоа најчесто само се одлични партнери за флерт.

Рак

Тие толку вешто ги градат ѕидовите околу себе и се изолираат од другите, што оние кои сакаат да им пријдат честопати немаат начин како да го сторат тоа и сè им изгледа премногу комплицирано.

Лав

Припадниците на овој знак во љубовта бараат некој што ќе ги сака повеќе отколку што се сакаат самите себе, па не е изненадувачки што им е тешко да најдат некој таков.

Девица

Освен што делуваат многу срамежливо, недостапно и со истата наместена насмевка за секого, тие честопати даваат сосема погрешен впечаток за себе и изгледаат здодевно и напорно.

Вага

Припадниците на овој знак имаат спротивен проблем - се обидуваат да ги шармираат и заведат сите околу нив, па затоа потенцијалните партнери се откажуваат од намерите за освојување.

Скорпија

Настапот на припадниците на овој знак изгледа застрашувачки и чудно, па колку и да изгледаат секси и привлечно, нивната чудна, мрачна вибрација ќе ги одбие додворувачите.

Стрелец

Стрелецот изгледа толку опуштен, спонтан и разигран, што едноставно остава впечаток на сериски заводник, а луѓето обично не сакаат да се „изгорат“ со нив.

Јарец

Нивните одбранбени механизми се толку силни што луѓето што ги сакаат имаат впечаток дека прво треба да им се додворуваат седум години за да стигнат до еден состанок на кафе, па дури потоа да ги заведат и да докажат дека имаат сериозни намери.

Водолија

Колку и да се однесуваат пријателски, на љубовен план изгледаат многу недостапни, занесени во нивниот свет и како да немаат доволно концентрација за да работат само на една врска.

Риби

Во некои ситуации на заведување, припадниците на овој знак ќе бидат толку непријатни што само ќе се смеат, а потенцијалниот партнер нема да може да разликува дали се смеат на нивните шеги или само се смеат, а уште помалку можат да погодат што мислат Рибите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе