Зошто не се распаѓа? Тајната на отпорноста на Стоунхенџ

Иако илјадници години се изложени на атмосферски услови, масивните камења на Стоунхенџ не се распаѓаат. Научниците конечно можат да објаснат зошто.

Првата сеопфатна научна анализа на импозантните камени блокови во Стоунхенџ ја откри тајната на големиот отпор на времето на овој познат праисториски споменик во Јужна Англија, стар помеѓу 4000 и 5000 години.

Во објавената студија, научниците опишуваат низа тестови со кои ја испитувале внатрешноста на еден од песочните блокови, познати како сарсенови камења, за да добијат увид во геологијата и хемискиот состав на овие мегалити од неолитот и бронзеното време (3000-1000 п.н.е.).

Проучувале основни примероци од еден од сарсенот, Камен 58, како што е наречен, земени за време на конзерваторските работи во 1950-тите. Блокот со децении се чуваше во САД и беше вратен во Обединетото Кралство во 2018 година за дополнителна анализа.

Ископувањето на Каменот 58 направено во август 1958 година (оттаму и името)

Сарсените се направени од т.н. силкрит, кој постепено се формирал неколку метри под површината на земјата како резултат на подземните води кои циркулираат низ затрупаниот талог.

Силкритот е стврдната земја (отпорна на ронење), која се формира кога стопениот силициум диоксид ги цементира површинската земја, песокот и чакалот. Резултатите од истражувањето покажаа дека јадрото е составено главно од кварцни зрна со големина на песок цврсто зацементиран со вкрстени кварцни кристали.

Исклучително отпорен, издржлив и долготраен кварц не се распаѓа, или еродира, дури и кога е изложен на атмосферски услови илјадници години.

„Тоа го објаснува отпорот на тој камен на атмосферските влијанија и зошто е идеален материјал за градење споменици“, вели геоморфологот Дејвид Неш од Универзитетот во Брајтон, кој го предводеше истражувањето објавено во списанието PloS ONE.

Анализираниот Камен 58 е висок 7 метри, со уште два метра закопани во земјата, а горниот дел тежи околу 24 тони.

Примерокот од јадрото е во форма на камен стап широк 2,5 сантиметри и долго околу еден метар, беж боја, која е посветла од светлосивиот надворешен дел на мегалитот.

Научниците користеле различни методи на истражување, вклучувајќи CT скенови, Х-зраци, микроскопски анализи и разни геохемиски техники.

„Нашиот мал примерок сега е веројатно најанализираниот камен заедно со камењата од Месечината“, вели Неш.

Не е јасно кога настанал овој камен, иако некои истражувачи откриле вградени зрна песок кои потекнуваат од геолошката ера која се одвивала пред 1,6 и 1 милијарда години.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Наука

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Read more
 

Гик

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе