Зошто среброто е сѐ поскапо и дали ценовно ќе го надмине златото?

Годинава цените на среброто би можеле да бидат највисоки во последните 10 години. Според извештајот на американскиот Институт за сребро, постои можност глобалната побарувачка за сребро во 2024 година да достигне 1,2 милијарди унци, што би било втора најголема побарувачка во историјата.

Во извештајот се наведува дека зајакнувањето на индустриската побарувачка треба да биде главната причина за зголемената глобална побарувачка за сребро. Среброто првенствено се користи за индустриски цели, обично во производството на автомобили, сончеви панели, накит и електроника.

Извршниот директор на Институтот за сребро, Мајкл ДиРиензоу, изјави за CNBC дека очекува среброто да достигне 30 долари за унца, што би било негова највисока цена во последните 10 години. Таа цена последен пат беше постигната во февруари 2013 година.

Институтот забележал дека годинава побарувачката на сребрен прибор е зголемена за 9%, а побарувачката на сребрен накит е зголемена за 6%. Значителен раст на побарувачката за сребрен накит се очекува да има во Индија. Покрај тоа, за растот треба да придонесе и закрепнувањето на пазарот на електронски уреди.

Она што може да создаде потешкотии е краткорочното забавување на кинеската економија и намалените изгледи дека САД ќе ги намалат каматните стапки на почетокот на оваа година. Сепак, се очекува САД да почнат да ги намалуваат каматните стапки во втората половина на оваа година. Имено, повисоките каматни стапки ѝ штетат на побарувачката на сребро и злато.

Дали среброто ќе го надмине златото?

Поради широката индустриска употреба на среброто, неговите цени се поврзани со состојбата на целокупната економија. Од друга страна, цените на златото имаат тенденција да растат во време на економски тешкотии или несигурност. Следствено, среброто е чувствително на економските промени и неговите цени се попроменливи од цените на златото.

Цените на среброто имаат тенденција да ги надминуваат цените на златото за време на силни економски експанзии, но опаѓаат кога има економски тешкотии. Односот сребро и злато се следи врз основа на тоа колку унци сребро е потребно за да се купи една унца злато. Во моментов, за една унца злато се потребни 90 унци сребро, пишува CNBC.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе