Зошто треба секој ден да јадете по еден портокал?

Јадењето портокали има бројни предности за здравјето бидејќи содржи витамин Ц, а симптоми дека ви недостига овој витамин се умор, анемија, депресија, отекување и болки во зглобови, воспалени непца и слично.

Зошто треба секој ден да јадете по еден портокал?

Помага за поздрави црева

Според некои истражувања, секојдневното јадење портокали позитивно може да влијае на цревната флора. Исто така, предизвикува пад на гликозата, ја подобрува чувствителноста на инсулин и го намалува лошиот холестерол.

Сокот од портокал делува како пребиотик и поттикнува раст на цревните бактерии.

Може да ослабете

Освен вежбање, за слабеење е исклучително важна и исхраната. Портокал со средна големина има само 60 калории и 3 грама влакна. Влакната ни помагаат да се чувствуваме сити, го одржуваат здравјето на цревата и го намалуваат холестеролот, намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања.

Кога јадете портокал, внимавајте да не го пиете само сокот, туку да го консумирате и  месото бидејќи е богато со влакна.

Му помага на телото да создаде колаген

Еден портокал содржи околу 70 милиграми витамин Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железо, помага во борбата против воспаленија и го намалува крвниот притисок. Исто така помага создавање колаген во коските.

Не е можно во целост да го запреме губење на колаген бидејќи е дел од стареењето, но може да се обидеме да го забавиме тој процес.

Го одржува видот

Луѓето кои јадат еден портокал дневно имаат 60% помал ризик од развој на макуларна дегенерација, очна болест која може да го замати видот. Витаминот Ц многу важен за видот бидејќи придонесува за здравјето на крвните жили во нашите очи, а може да помогне и во борба против катаракта.

Ги штити срцето и мозокот

Според студии, нормалното ниво на витамин Ц во крвта е поврзано со подобрување на фокусот, паметењето и вниманието. Портокалите можат да помогнат умот да остане остар, а еден портокал овозможува внесување на препорачана доза на витамин Ц .

Тагови
реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе