13 декември 2003, Американците го фатиле Садам Хусеин
Ирачкиот диктатор Садам Хусеин бил пронајден и уапсен од американските трупи во операцијата наречена „Црвена зора“ (Red Dawn).
По падот на Багдад во април 2003 година Садам Хусеин се криел низ Ирак, а конечно бил фатен по седуммесечна потрага. Пронајден бил во подземен бункер на една фарма во ал-Даур, во близина на градот Тикрит.
Американците го предале на ирачките власти во јуни наредната година. Ирачкиот суд му судел за масакрот на 148 шиити во 1982 година, а пресудата била смрт со бесење. Садам владеел со Ирак од 16 јули 1979 до 9 април 2003 година.