130 години од изградбата на пругата Солун-Битола

По повод 130 години од изградбата на пругата Битола-Солун вечер во продукција на Интимен театар ќе се случи проектот „Возот“ што е во склоп на македонско-грчки проект, организиран од културната организација „Дрезина“ од градот Верија.

Во проектот учествуваат осум грчки градови – Солун, Александрија, Верија, Науса, Воден, Скидра, Аминдео, Лерин, како и Битола од македонска страна, претставувана од Интимен театар. Во сите овие градови, на нивните железнички станици, вечер во 20:30 часот македонско, и 21:30 часот грчко време, ќе се случат мноштво на културни настани, во знак на прослава на железничката линија Битола-Солун.

Овај настан е поддржан од Грчката национална железница, како и од Македонски железници, затоа што оваа година е „Европска година на железниците“.

Проектот на Интимен театар „Возот“, е всушност театарска претстава, во којашто настапуваат сите актери што гравитираат окулу Интимен, а ќе има и ученици од театарската школа „Фабрика за мечти“. Мотото на претставата е: „Интимен Театар за железницата“, со една единствена цел, а таа е да се промовира важноста на оваа линија Битола-Солун за целата локална заедница, како и за целата наша држава, а и да се потенцира практичноста и ефикасноста на превозот со воз.

Битолскиот дел од проектот ќе се случи на самата железничка станица, во просториите на ноќниот клуб „Јагода“, додека другите осум градови ќе имаат свои културни програми на нивните железнички станици.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе