14 брилијантни и безвременски совети од познатиот Дејл Карнеги

Дејл Харбисон Карнеги бил американски писател и предавач. Темите на кои пишувал и на кои предавал биле главно поврзани со самоподобрување на личните карактеристики, развој на личните способности, тимскиот дух и функционирање во тим, јавно говорење и интерперсонални вештини.

Тој е автор на бестселер кој сè уште е еден од најпродаваните на ова поле, насловен како „Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето“ (1936). Автор е и на книгата „Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете“ (1948), која на многумина им помогнала да надминат бројни проблеми и грижи што ги спречуваат да го живеат животот што го заслужуваат. Една од главните идеи на неговите книги е како лошите навики да се променат во добри и како да се справиме со секојдневниот стрес, на кој сме сѐ повеќе изложени.

Имал многу поддржувачи на неговата теорија, но и такви кои биле против, иако никој не останал рамнодушен. Неговите совети е корисно да се послушаат:

1. Секој човек барем пет минути дневно е будала. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се надмине овој временски рок.

2. Ако судбината ви даде лимон, направете лимонада од него.

3. Научете да се ставате на местото на другиот и да разберете што нему му треба, а не вам. Цел свет ќе биде зад оној што ќе успее да го направи тоа.

4. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек во светот и еден од најефективните.

5. Ако сакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е покорисно и побезбедно.

6. Замислете ги најлошите последици што може да ги предизвика вашата постапка, однапред помирете се со нив и потоа дејствувајте!

7. Насмевката не чини ништо, но вреди многу.

8. Многумина се јавуваат на лекар кога им треба публика.

9. Луѓето не се заинтересирани за мене или за тебе. Наутро, напладне и навечер се занимаваат само со себе.

10. Кога човек ќе започне војна против себе, тој веќе вреди нешто.

11. Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но да би бил светец никогаш не би се оженил со вас.

12. Запомнете дека името на една личност е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него на кој било јазик.

13. Тајната на нашата несреќа е во тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме дали сме среќни или не.

14. За мудриот човек секој ден започнува нов живот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе