15 ерменски војници убиени во судир со азербејџанската војска

Ерменскиот Парламент денеска соопшти дека 15 ерменски војници загинале во судирите со азербејџанските сили на границата. Непосредно пред објавата на ерменскиот Парламент, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека се заробени 12 ерменски војници.

„Интензитетот на борбата не е намален. Како резултат на одмаздата на ерменските сили, непријателот претрпе големи загуби, а десетина оклопни возила беа уништени или оштетени. Загуби има и ерменската страна. Се вршат проверки, а 12 ерменски војници се заробени“, објави ТАСС.

Најновиот конфликт е продолжување на тензиите меѓу двете земји, кои минатата есен се бореа за превласт во регионот Нагорно-Карабах, енклава на територијата на Азербејџан каде Ерменците се мнозинство и која веќе беше сцена на крвава војна во 1990-тите.

Повеќе од 6.000 луѓе беа убиени во минатогодишниот конфликт, а тој заврши со пораз на Ерменија, која мораше да се откаже од контролата врз голем дел од енклавата.

Претходно денеска, Ерменија побара од Русија да ѝ помогне да го одбрани својот територијален интегритет од Азербејџан.

– Со оглед на тоа што беше извршен напад на суверена територија на Ерменија, според договорот од 1997 година, ја повикуваме Руската Федерација да го заштити територијалниот интегритет на Ерменија. Во моментов се подготвува и писмено барање, изјави секретарот на Советот за безбедност на Ерменија, Армен Григорјан, за државната телевизија.

Григорјан истакна дека Ереван се потпира на Москва да обезбеди доволно воена помош доколку преговорите со Баку не успеат.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе