15 пратеници ќе сведочат за „27 април“, судењето продолжува на 4 септември

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува на 4 септември со сослушување на сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, откако на денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази.

На 4 септември треба да бидат сослушани 15 пратеници, меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други.

На предлог на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, на денешното рочиште беше презентиран видеозапис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Прво, беше пуштен делот од обраќањето на Зоран Заев од собраниската говорница, во кое повикува да не се крши деловникот и да се заврши изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Со тоа, Вељаноски рече дека се покажува дека во испратената смс порака, тој само пренесува дел од обраќањето на Заев во кое вели дека ќе изберат претседател на Собранието и во ходник, па и во МАНУ.

Вељаноски потоа побара да бидат пуштени делови од обраќањата на пратениците Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Оливер Спасовски, Илија Димовски, Панче Минов … од кои рече дека може да се види дека тримесечното доцнење на изборот не е по негова вина, туку на пратеничките групи.

На крај беше пуштен делот по паузата дадена во 17:11 часот, и продолжението на седницата во 17:24 минути.

По процедуралните на Оливер Спасовски и Илија Димовски, на говорница излегува и Крсто Муковски кој ја пее химната на Македонија, а од видеото се гледа како стануваат сите пратеници и на крајот добива силен аплауз. Потоа пратениицте од СДСМ извикуваат “гласање”, а од ВМРО-ДПМНЕ извикуваат „избори” и „Македонија”.

Вељаноски по ова укажа дека се гледа дека тој не дава веднаш збор на Зекирија Ибраими, како што се вели од обвинителство, туку дека има тројца пратеници кои добиваат процедурално по Мукоски, па потоа пратеникот Зекирија Ибрахими, добива право на збор и ја пее химната на албански.

Од снимката се гледа дека потоа Вељаноски ја прекинува седницата во 18:01 минута и кажува дека продолжува следниот ден во 11 часот.

– Од ова се гледа дека ништо не е направено спротивно од деловникот. Дека ништо не е поинаку сега кога веќе трае еден месец, изјави Вељаноски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе