16 јануари 1945, Битката кај Ардените го најавила падот на Германија
Со победата на Сојузничките сили под команда на британскиот генерал Бернард Монтгомери и американскиот Омар Бредли, кои претходно ја приклештиле германската дивизија, бил нанесен огромен пораз на Германците на Западниот фронт, со што бил уништен и последниот обид на Адолф Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна.
Главната битка се одвивала во Арденската шума која најмногу се простира во Белгија, а зафаќа и делови од Франција и Луксембург. До ден денес не се знае точната бројка на загинати на двете страни, но според некои извори за сите пет недели колку што траела битката Германците загубиле околу 12,5 илјади војници, додека Сојузниците загубиле околу 9 илјади. Бројката на загинати е далеку поголема бидејќи на двете страни имало илјадници исчезнати.