170 руски лекари го повикаа Путин да престане да го мачи Навални во затвор

Група руски лекари го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да престане да го мачи затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој рече дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија бидејќи утрото се измил половина час порано отколку што требало.

Во писмото, потпишано од 170 претставници на руската медицинска заедница и објавено на руската независна веб-страница Медуза, се бара да се стави крај на злоупотребата на Навални во затвор.

„Не можеме и немаме право мирно да гледаме дека намерно се повредува здравјето на политичарот Алексеј Навални, кој се наоѓа во поправната колонија број шест на Федералната затворска служба во Владимирската област.

Од медицинска гледна точка, очигледно е дека Навални не добива доволно медицинска помош. Неговата здравствена состојба се влошува бидејќи престојува во дисциплинската ќелија“, пишуваат во писмото руските лекари.

Во серијата твитови објавени вчера од неговиот адвокат, Навални рече дека руските затворски власти го испратиле во самица по 10-ти пат откако почнал да ја отслужува казната во затворот со максимална безбедност ИК-6 во Владимирската област во Русија.

Неговиот адвокат Вадим Кобзев вели дека Навални моментално боледува од висока температура, треска и кашлица. Адвокатот тврди дека тоа е резултат на неговото престојување во иста ќелија со затвореник со лоша хигиена и тешки симптоми на грип.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе