175 години мислеле дека е минерал - кустос открил необична тајна

Во текот на XIX век во Индија била откриена тркалезна сфера со дијаметар од 15 см, во чиј центар се наоѓал агат. Кратко потоа била категоризирана и поднесена во Природонаучниот музеј на Обединетото Кралство. Сè додека, во 2018 година, истиот агат не бил изложен - кога го привлекол вниманието на кустосот, Робин Хансен.

Имено, првото нешто што му паднало в очи била речиси совршената сферична форма на карпата, а потоа и тенкиот слој околу кристалот кој сугерирал дека се работи за фосилизирано јајце од диносаурус.

URL

Јајце од титаносаурус - најголемиот диносаурус што некогаш одел на Земјата

Веднаш штом го зел в раце и подетално го анализирал, Хансен сфатил дека е многу слично на јајцата на титаносаурусите, кои се пронајдени во Кина и Аргентина. Покрај тоа, многу голем број од овие диносауруси живееле во Индија за време на доцниот креда, а во прилог на тоа говори и откривањето на голем број нивни гнезда.

„Колку што знаеме, фауната на диносаурусите во Индија за време на кредата била многубројна, иако не била особено разновидна“, вели палеобиологот Пол Барет од Природонаучниот музеј. И додаде дека овие џинови, високи 37,5 метри и тешки 70 тони, имале слични репродуктивни навики како модерните желки и крокодили, т.е. ја усвоиле стратегијата да снесат помали јајца во поголем број, а потоа да ги покриваат со вегетација.

Претпоставката е дека тоа се случило и во овој случај, со тоа што областа каде што е откриено јајцето е богата со вулкани. Поради тоа, постои сомневање дека течењето на лавата го уништило гнездото, што дополнително помогнало да се зачува јајцето и да се уништи ембрионот. Но, кога водата богата со силициум во еден момент очигледно навлегла во неговата внатрешност, се формирал бело-розовиот минерален агат.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе