3 најчести знаци дека детето страда од нарушување во исхраната

Многу млади луѓе и деца страдаат од нарушување во исхраната, а симптомите понекогаш е тешко да се забележат.

Детскиот психотерапевт Ана Коен ги сподели најчестите симптоми кои ги забележала кај децата и им дала совети на родителите како да се однесуваат доколку нивното дете страда од нарушување во исхраната.

Коен ги претстави трите најчести индикатори дека детето има здравствен проблем. Како прв показател, таа го посочи зголемениот интерес за броење калории, каде што детето може да презема апликации за броење калории, да бара да купи одредена храна и да готви или одеднаш да сака да ги подготвува оброците самостојно, пренесува HuffPost.

Родителите треба да внимаваат ако забележат дека нивното дете почнува да прескокнува оброци или да одбива храна во која претходно уживало. Исто така, треба да внимаваат ако детето носи облека што е видливо преголема или почнува да носи помали броеви на облека. Коен истакнува дека тоа е и показател ако децата инсистираат да готват за други луѓе, но не јадат ништо што самите го подготвиле.

Што треба да направат родителите?

Главната работа што треба да ја направат родителите е да не се расправаат со своето дете за ситуацијата во која се наоѓаат. Најлошото нешто што можат да направат родителите е да му викаат на своето дете и да направат проблеми во односот.

„Многу е тешко за родителите да разберат и да знаат како да одговорат на дете со нарушување во исхраната. Родителите понекогаш може да се чувствуваат беспомошно, разочарано и фрустрирано бидејќи нивното дете е упорно во то однесување“, објаснува таа.

Расправијата за нивниот проблем нема да ги поттикне да престанат да ги прават работите што им штетат, истакнува таа.

„Карањето може да создаде уште поголема дистанца помеѓу вас и вашето дете бидејќи тие не можат да ја разберат вашата фрустрација и за возврат се чувствуваат повредено и луто“, додава таа.

Таа ги советува родителите да останат смирени кога се лути и да преземаат чекори кои нема да му наштетат на детето. Со својата смиреност, родителите покажуваат дека се способни да се справат со нивните комплицирани чувства и дека им даваат поддршка. Детскиот психолог советува, штом ќе сфатат дека нивното дете боледува од пореметување во исхраната, родителите да најдат здравствен работник кој ќе им помогне во лекувањето.

Додава дека родителите треба да побараат помош доколку им е потребна бидејќи здравствената состојба на детето влијае и на нив.

„Ако вашето дете е сериозно болно, погрижете се сами да добиете терапевтска поддршка за да можете да продолжите да бидете емотивно присутни за вашето дете“, рече Коен, според HuffPost.

реклама

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе