4 најголеми несреќи на подморници

Дури и најмодерните подморници во светот можат да завршат на дното на океанот доколку екипажот е невнимателен или ако и најмалата опрема не функционира.

Управувањето и навигацијата со подморници е ризичен потфат, кој дури и во најдобри околности може да се претвори во катастрофа. Изминативе денови медиумите се преполни со стории за исчезнувањето на подморницата на американската компанија Ocean Gate со име „Titan“, која одеше кон потонатиот брод „Титаник“. Во моментов американската крајбрежна стража во соработка со голем број земји се обидува со сите расположливи ресурси кои можат да им помогнат во потрагата да ја откријат точната локација на подморницата додека не остане без кислород.

Сепак, ова не е прв - и веројатно не последен - пат да се случи слично сценарио. Во следните редови можете да прочитате за четирите најпознати примери на тонење подморници во историјата.

Курск, 2000 година

Според многу експерти, ова е веројатно најлошата подморска катастрофа во последните неколку децении.

„Курск“ беше К-141 подморница од проектот „949А Анте́й“ (Oscar-II по НАТО), со крстосувачки ракети со нуклеарен погон, дизајнирана да ги прати групите на носачи на авиони на НАТО. Подморниците К-141 имаат двоен труп поделен на 10 различни прегради. Пловилото имаше засилен двоен труп дизајниран да го пробие ледениот капак на Арктикот и должина од 154 метри.

Меѓутоа, за време на вежба во Баренцовото Море на 12 август 2000 година, две големи експлозии се случија во подморницата на неколку минути една од друга. Следните неколку часа никој не сфатил дека нешто се случува со 118-те членови на екипажот, а првите сомнежи се разбудиле дури доцна вечерта кога никој не пријавил дека „Курск“ ја завршил вежбата.

Првите неколку обиди за спасување не успеаја, а руските власти првично одбија помош од САД, Обединетото Кралство и Норвешка да им се придружат во потрагата. Меѓутоа, како што одминуваше времето, нивниот став се менуваше и кога норвешките нуркачи успеаја да ги отворат воздушните блокови на „Курск“ на 21 август, не најдоа преживеани.

Најпрво, некои високи руски функционери тврдеа дека несреќата била предизвикана од судир со подморница на НАТО која ги шпионирала маневрите. Сепак, до ден денес останува нејасно што всушност се случило со оваа подморница и сѐ се сведува на шпекулации.

Најверојатно објаснување е дека имало експлозија на неисправно торпедо на „Курск“, што дополнително започнала верижна реакција и експлозии на другите торпеда што биле на неа.

Комсомолец, 1989 година

Трагедијата на оваа подморница ја претставува најголемата подморска трагедија по потонувањето на нуклеарната подморница „Курск“. Подморница К-728 со име „Комсомолец“ од проектот „685 Плавник“ припаѓаше на третата генерација на нападни нуклеарни подморници, која своето потекло го должи на искуството стекнато во развојот и употребата на нуклеарни подморници од класата Лира (Alfa според номенклатурата на НАТО).

„Комсомолец“, чија тежина достигнуваше 8.000 тони, беше една од најефикасните подморници некогаш изградени - имаше работна длабочина од повеќе од 950 м и два реактора со моќност од 31.618 kW што ѝ овозможија да развие подводна брзина од 30 јазли (околу 56,6 километри на час).

Потона на 7 април 1989 година, откако избувна пожар за време на вежба. Пожарот започна низа настани кои на крајот доведоа до нејзино потонување, а како и во претходниот пример, никој на површината со часови не се сомневаше дека 69-те членови на екипажот минуваат низ драма. 42 лица загинаа, но само четири лица загинаа како директна последица од пожарот - останатите починаа од изложеност.

Во меѓувреме, нуклеарниот реактор на „Комсомолец“ и неговите две нуклеарни боеви глави останаа на дното на Баренцовото Море.

USS Scorpion, 1968 година

Како двете најголеми воени сили на ерата, Советскиот Сојуз и Соединетите Држави водеа бројни трки во развојот на оружје и специјални програми за време на Студената војна. Затоа, не е чудно што и Соединетите Американски Држави изградија подморници и се обидоа да создадат најсовремени системи за следење под вода, а некои од нив ги изгубија од нивните радари.

Најпознат пример е исчезнувањето на нападната подморница SSN-589 со име „USS Scorpion“ - класа Skipjack, на 650 километри од Азорските Острови, додека на 22 мај 1968 година на неа имаше 99 морнари. Кога по 5 дена подморницата не се врати во пристаништето, американската морнарица почна да ја бара. Беа потребни неколку месеци за истражувачкиот брод „Mizar“ на Воената морнарицата да ги лоцира нејзините останки.

Следните години беа спроведени неколку истраги за прашањето што доведе до потонувањето на „USS Scorpion“, а американските власти никогаш не дадоа конкретен одговор. Претпоставките се дека трагедијата се случила по случајно активирање на батеријата за торпедо Марк 37 или експлозијата на торпедата.

Интересно е што таа година исчезнаа уште три мистериозни подморници: израелската „INS Dakar“ (77-צ), француската „Minerve“ (S647) и советската „К-129“ (629А).

USS Thresher, 1963 година

„USS Thresher“ беше подморница SSN-593, водечка нуклеарна подморница од својата класа кога станува збор за САД, дизајнирана да пронајде и уништи советски подморници. Го имаше најнапредниот систем за оружје и најновиот тип на противподморничка ракета од типот SUBOC - во тоа време - како и сонари кои имаа неверојатен опсег на откривање бродови.

Следејќи ја нејзината воспоставена рутина, на 10 април 1963 година, подморницата „USS Thresher“ нурна и започна со испитувања со екипаж од 129 морнари. Меѓутоа, спасувачкиот брод „Skylark“, со кој екипажот бил во контакт, во еден момент добил вознемирувачка порака „900“. За само неколку часа во потрагата беа вклучени 15 морнарички бродови. Но, беа потребни уште два месеца за да се откријат остатоците на морското дно крај брегот на Кејп Код, во близина на Масачусетс.

Тоа беше првата катастрофа со нуклеарна подморница и сè уште има најголем број жртви. За разлика од „USS Scorpion“, американската морнарица јавно ја информираше причината за несреќата на подморницата „USS Thresher“ - лоша контрола на квалитетот.

Поморскиот истражен суд утврди дека несреќата најверојатно била предизвикана од дефект на цевката - бидејќи моторната соба на подморницата била поплавена, заклучокот бил дека прскање со солена вода го исклучило нуклеарниот реактор. После тоа, екипажот не можел да пристапи до опремата потребна за запирање на поплавата.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе