4 пијалаци за победа над несоницата

Квалитетниот сон е една од најважните работи за нашето здравје, а добар сон е исто толку важен како и здравата исхрана. За жал, многу луѓе страдаат од недостаток на сон, но и несоница.

За да може телото да се одмори и да ги наполни батериите за наредниот ден, му требаат во просек 7-8 часа непречен сон. Меѓутоа, понекогаш поради премногу обврски, но и стотина мисли во нашата глава, се чини дека е невозможно да заспиеме.

Она што го пиете пред спиење може да направи голема разлика во тоа дали ќе можете да заспиете, а некои пијалаци се препорачуваат како помош за да заспиете - веднаш штом ќе ја ставите главата на перницата.

Вода

Првиот и најпристапниот пијалак е дефинитивно водата. Многу луѓе чуваат шише со вода покрај креветот, а тоа не е без причина. Водата нема шеќер, ја гаси жедта и не содржи калории. Препорачливо е да ја консумирате повеќе во текот на денот, за да не се будите во текот на ноќта за одење во тоалет.

Чај од билки

Билниот чај пред спиење ќе има смирувачки ефект врз телото. Посебно се препорачува свеж чај од босилек, кој го намалува нивото на хормоните на стрес (кортизол). Има и чаеви направени од камилица, валеријана, нане, кои се погодни за мирен сон, смирување и ослободување од стрес.

Млеко

Топлото млеко пред спиење е исклучително ефикасно. Иако на многумина ова не им е омилен пијалак, за да го намалите вкусот на лактозата можете да го комбинирате со лажичка мед, каранфилче, цимет или куркума, која има антиинфламаторно дејство.

Сок од вишна

Незасладениот сок од вишна им помага на луѓето кои страдаат од несоница. Студијата спроведена на 50-годишни испитаници покажала дека оние кои пиеле сок од вишна двапати на ден успеале да спијат дури 84 минути подолго од оние кои не пиеле. Вишните се богати со состојки кои се поврзуваат со здравиот сон.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе