5 најголеми грешки при перењето пешкири

Многу веројатно никогаш не сте размислувале за тоа како ги перете пешкирите и дали постои правилен начин за тоа, па често ви стануваат груби како шмиргла. Дизајнерката на пешкири, Луси Акројд, советува како да бидете повнимателни.

По некое време пешкирите ја губат мекоста која ја имале кога сте ги купиле, а за тоа веројатно сте криви вие и вашиот начин на перење, тврди Луси и нагласува дека најголемата грешка што луѓето ја прават е тоа што истовремено ставаат многу пешкири да се перат.

„Немојте да ја трупате машината за перење алишта со куп пешкири што сакате да ги исперете. Ним им треба воздух за добро да се исперат и да ја зачуваат мекоста. Ако ставите премногу пешкири, тие само ќе се стиснат еден до друг, ќе насоберат влага и матертијалот ќе стане тврд и груб“, вели Луси.

Освен тоа што не треба заедно да перете пешкири со различна боја, Луси вели и дека не треба ниту да ги ставате во машината заедно со други работи, како облека, постелнина и слично. Значи, пешкирите се перат исклучиво сами.

Се разбира, важна е и температурата, а Луси советува да не користите превисока.

„Најдобро е да ги перете на 40 степени. Сѐ над тоа може пребрзо да ги уништи. Понекогаш можете да ги ставите на 60 степени за темелно да ги отстраните сите бактерии и маснотии кои се пренеле од кожата“.

Покрај сето тоа, пешкирите би требало добро да ги протресите - и пред и по перењето.

„Детергентот за перење влегува во секој дел, па така многу подобро ќе се исперат, а по перењето подобро ќе се исушат ако ги протресете“.

Последниот совет на Луси можеби многумина ќе изненади. Советува никогаш пешкирите да не ги сушите на радијатор бидејќи така стануваат тврди и груби.

„Ставете ги на жица и добро оптегнете ги“, вели таа.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Живот

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

8 совети за родителство што злато вредат

Read more

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе