59 години од емитувањето на првиот Дневник на МРТ, тогашна ТВ Скопје

На денешен ден пред 59 години, од импровизирано студио биле емитувани првите вести на тогашната Радио-телевизија Скопје (РТС или ТВС). Дневникот траел 20 минути.

„14 декември 1964 година е значаен ден за јавниот сервис. Пред 59 години, од импровизирано студио, беа емитувани првите вести на тогашната Телевизија Скопје, во траење од 20 минути. Уредник беше Димче Божиновски, а спикери Бранка Станковска и Александар Ацев“, пишува МРТ на својата веб-страница.

Во периодот 1960-1962 година Радио Скопје, што се однесува во програмските зафати, оформило екипа и испратило свои работници на обука во радиотелевизиските центри во Белград и Загреб и интензивно се подготвувало за освојување и на тој сегмент од радиодифузијата.

Remote video URL

На 8 април 1964 година била завршена монтажата и на 5/1 KW ТВ предавателот на објектот Црн Врв. Co силниот антенски систем (4х4 антенски панели), кој имал засилување од 10 децибели, а тоа значи во сите правци зрачел со по 50 KW, тој бил доминантен во тоа време на овие наши простори. По повод неговото официјално пуштање во работа на 5 јуни 1964 година се одржала свеченост на самиот објект и се вршел првиот телевизиски пренос во живо во Социјалистичка Република Македонија.

Телевизиските работници оствариле уште една победа, но Телевизијата била сè уште на прагот на својот почеток. Во текот на летото 1964 година се реализирале директни преноси на спортски, фолклорни и забавно-музички приредби од „Средбата на солидарноста“.

14 декември 1964 година се смета за роденден на скопското телевизиско студио.

Од импровизираното студио (лимен хангар) во кој имало две маси за спикерите и најавувачката, со една камера (и уште една резервна) од подарената англиска репортажна кола, со мобилна врска од колата до предавателот на Црн Врв, во живо, започнало редовното емитување сопствена програма од сопствено студио.

Во 18:15 часот ТВ Дневник весник во траење од 20 минути, потоа цртан филм и детска емисија, образовна емисија, странски јазици, емисија од културата, ЕПП... Така, пет дена во неделата. Создадени биле доволен број емисии и репортажи за предвидените термини, а детските куклени и образовните емисии се емитувале во живо. Така до 20 часот, а потоа вклучување во заедничката програма на Југословенската радио-телевизија.

Remote video URL

Низ годините постојан развој со нова техника, професионален кадар, секојдневно информации од сите области. Со осамостојувањето на Македонија, РТС стана МРТ (Македонска радио-телевизија), често позната и како МТВ (Македонска телевизија).

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе