5G мрежата на Македонски Телеком е достапна во скоро сите поголеми населени места

5G мрежата на Македонски Телеком е достапна во скоро сите поголеми населени места во Македонија. Скопје и 15 други градови и нивните околини веќе користат 5G услуги, а од јуни до октомври со опрема од најновата петта генерација ќе бидат покриени и: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Делчево и Берово.

Со првата 5G комерцијална мрежа која е во функција од февруари годинава, корисниците на Македонски Телеком веќе користат 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК, 5G мрежата на Телеком ќе го овозможи целиот потенцијал за супер брз гигабитен мобилен интернет со брзини до десет пати поголеми од 4G.

Листата на Телеком за сертифицирани 5G телефони секојдневно расте, со цел на корисниците  да им се овозможи  колку што е можно поголем избор на уреди. Новина се Samsung Galaxy Fold 3 i Samsung Galaxy Flip 3, со што скоро сите телефони во портфолиото на Телеком што имаат ваква опција ќе бидат 5G сертифицирани.

Телеком почна да ја гради 5G мрежата во април 2021 година и со посветена работа на терен, до крајот на октомври ќе го исполниме планот, при што 26 градови и нивните околини ќе бидат покриени со 5G, а нивните жители ќе користат технологија на најновата генерација.

За само година и половина ја изградивме првата и најголема 5G мрежа во Македонија, сè со цел да им овозможиме пристап до оваа технологија на што повеќе корисници и да овозможиме развој на досега невидени услуги, соодветни на новото дигитално време.

Повеќе информации за покриеноста, тарифите и 5G уредите можете да добиете на следниот линк.

реклама

Бизнис

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе