Аргентинскиот ас Лионел Меси постигна гол и дури 5 асистенции во победата на Интер Мајами од 6:2 против Њујорк Ред Булс и постави два рекорда во американската МЛС.
Имено, Меси на шест натпревари по ред има постигнато најмалку еден гол, што досега не му успеало на ниту еден играч од МЛС, а никој пред него не успеал да направи 5 асистенции на еден натпревар.
Останатите голови за Мајами ги постигнаа Уругваецот Луис Суарес, кој постигна хет-трик, и 2 Парагваецот Матиас Рохас.
Со оваа победа Мајами ја продолжи серијата без пораз на 6 натпревари и остана на врвот во Источната дивизија.
Инаку, Меси беше прогласен за играч на месецот во МЛС во април и има постигнато најмалку еден гол во шест последователни првенствени натпревари.
На само 8 одиграни натпревари има вкупно 10 гола и 12 асистенции.
Меси и Суарес водат во листата на стрелци со по 10 гола. Зад нив со 9 е Колумбиецот Кристиан Аранго од Риал Солт Лејк, а 8 има Белгиецот Кристиан Бентеке од ДиСи Јунајтед.
Табела: