6 неверојатни домови на најдобрите архитекти меѓу животните

Колку е чудна природата околу нас и колку е големо и моќно животинското царство ќе видите во следните примери кои се показател за спојот на имагинацијата и снаодливоста за опстанок на животните и природата.

Компас термити

Термитите се социјални инсекти кои градат големи гнезда во земја или дрво и можат да предизвикаат оштетување на дрвените структури. Тие понекогаш се нарекуваат бели мравки, иако припаѓаат на сосема поинаков вид на инсекти. Компас термитите градат гнезда во форма на големи купови во облик на клин. Клиновите се грубо ориентирани кон југ и север, поради што овој тип на инсекти го добил името компас.

Пчели

Пчелите се тесно поврзани со осите и мравките. Главна карактеристика на сите пчели е што собираат цветен полен за храна, како извор на протеини, и цветен нектар како извор на јаглехидрати. Најпознат вид е европската медоносна пчела.

На Земјата има околу 20.000 видови пчели во 7 семејства распространети во речиси сите делови на светот. Големината се движи од 2 mm до 4 cm. Тие се главно црни или сиви. Основната поделба е според нивниот начин на живот на осамени и социјални пчели.

Оси

Осата е инсект кој има мазно тело со црно-жолта боја, кое на задниот дел од телото има отровен убод што може да го вовлече и кој се разликува од пчелата. Од дрвото што го џвака прави гнездо кое има повеќе омоти. Во пролетта, осите градат осило во земја или на заштитено место каде што прво се развиваат работниците. Ларвите на осите се хранат со изџвакани инсекти. Возрасните оси се хранат со мед или цветен сок.

Тулари

Кога ќе дојде времето за сокривање, туларите својот оклоп го прават со тркалање во песок, камчиња, школки и слично. Тие ги поврзуваат овие елементи со нишките од сопствената свила и на тој начин безбедно растат. Францускиот уметник Ибер Дупар решил да го искористи ова, па собрал тулари и ги ставил во аквариум заедно со златни честички, бисери и скапоцени камења, а резултатот бил импресивен.

Црвен грнчар (Furnarius rufus)

Оваа птица, која припаѓа на фамилијата Furnariidae, гради силни гнезда од глина и кал. Гнездата често се градат на спратови, а нивната сила е доволно голема за да ги заштити станарите од предатори. Квалитетот на градбата овозможува други видови да се вселат во гнездото откако првиот сопственик ќе го напушти. Овој вид птица живее во Јужна Америка, главно во Аргентина и Уругвај.

Philetairus socius

Се работи за вид на птица која живее во Јужна Африка, Набимија и Боцвана и која гради големи цврсти гнезда на дрвја или други големи градби, како јарболи за знамиња. Гнездата често се направени од трска или трева, чија внатрешност е со висока температура, која се одржува благодарение на коморите во кои птиците престојуваат ноќе. Гнездата можат да служат неколку генерации.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе