7 интересни факти за дворецот Виндзор

Дали сте ги знаеле овие интересни факти за официјалната резиденција на британското кралско семејство?

Изграден во XI век по инвазијата на Норманите, англискиот замок Виндзор е најстариот и најголемиот перманентно населен дворец на светот. За време на изминатите 900 години бил дом на 39 монарси, а воедно е и место за кралските венчавки, меѓу кои беше и последната, онаа на принцот Хари и Меган Маркл на 19 мај 2018 година.

Погледнете неколку работи кои можеби не ги знаеле за официјалната резиденција на британското кралско семејство;

1. Дом е на најголемата и најдетална куќичка за кукли

Направена за кралицата Марија во 20-тите години на минатиот век, куќичката за кукли која се наоѓа во замокот Виндзор е најголема и најдетална минијатурна куќа во светот. Имено, куќичката содржи илјада предмети кои ги направиле истакнати уметници, дизјанери и занаетчии. Од соба за слуги, библиотека, тоалет, лифтови до салон и трпезарија за високо друштво, ниту еден детаљ не е испуштен, а сето тоа во размер 1:12.

2. Има огромна кралска библиотека

Ако сакате да прочитате сочни детали од дневникот на кралицата Викторија или приватни писма на кралот Џорџ III, ќе ги најдете во кралската библиотека во замокот Виндзор. Библиотеката содржи повеќе од 200 илјади предмети, вклучително и колекција на книги од повеќе монарси.

3. Дом е на многу стари професии

Освен што е дом на кралското семејство, Виндзор исто така е и работно место на многу библиотекари, историчари на уметност и туристички водичи кои се грижат за уметничките дела. Меѓутоа, околу 150 луѓе живеат во дворецот за да му помагаат на кралското семејство да... живее! И многумина од нив имаат прилично „застарени“ професии. Така на пример, има луѓе кои се задолжени за одржување на преку 300 камини, како и часовничари кои се грижат за 379 часовници во дворецот. Виндзор е и дом на бројни батлери, безброј слуги, неколку златари, па дури и стјуарти кои со линијар ги мерат чиниите пред секој важен оброк.

4. Никогаш не бил бомбардиран

Замокот Виндзор никогаш не бил бомбардиран бидејќи кружеле гласини дека Адолф Хитлер сакал да го претвори во негов британски дом. Кралското семејство ја искористило оваа информација, па останало да се крие во замокот. Прозорците биле затемнети, лустерите тргнати, а спалните соби армирани. Жените, вклучително и идната кралица Елизабета II, спиеле во занданите.

5. Успешно бил одбранет од неколку напади

Замокот Виндзор пред сѐ е тврдина, и како што се покажало - прилично силна. Порано, стражарите ги одбивале натрапниците со каскади врело масло и тешки камења. Во 1200 година, за време на Баронсовата војна, замокот Виндзор успешно се изборил со двомесечна опсада. Во годината 1400, откако кралот Хенри IV го соборил Ричард II, Виндзор повторно бил нападнат. Меѓутоа, ни тоа не завршило добро за напаѓачите.

6. Презимето на кралското семејство е дадено по замокот

Кралското семејство ретко го користи своето презиме (веројатно затоа што за тоа и нема потреба - кога некому би му се претставиле како кралица Елизабета II, има ли потреба да нагласувате за кој се работи?). Меѓутоа, пред 1919 година, презимето на кралското семејство било Сакс-Кобург-Гот (Saxe-Coburg-Goth) од бракот на кралицата Викторија и принцот Алберт, роден Германец, склучен во 1840 година, по што Викторија владеела како последен монарх од куќата Ханофер.

Името било променето во времето кога Обединетото Кралство војувало со Германија.

„Семејното име се променило поради антигерманските чувства за време на Првата светска војна, а името Виндзор е преземено од истоимениот дворец“, се наведува во официјалната историја на кралското семејство.

Кралицата Елизабета II беше четврти монарх од Виндзорови откако нејзиниот дедо Џорџ VI ја вовел промената која на членовите на семејството им овозможила да го користат презимето Виндзор, иако тоа ретко го прават.

Принцот Филип, починатиот сопруг на кралицата, исто така го променил своето презиме за време на Првата светска војна бидејќи неговиот дедо, принцот Луј од Батенберг, го презел семејното име Маунтбатен.

7. Со години е дом на кучињата корги

Коргите беа присутни во опкружувањето на кралицата Елизабета II за време на целиот нејзин живот. Од 1945 година имала над 30 корги и повеќето биле потоимци на кучето по име Сузан, кое кралицата Елизабета II го добила за својот 18-ти роденден од родителите. Повеќе од 7 децении, кралицата била во друштво на кучиња од оваа раса. Нејзиниот омилен 13-годишен пес Холи бил успиен поради болест во октомври 2016 година. Сепак, кралицата тогаш одлучила дека не сака нови четириножни пријатели кои би ја пополниле празнината оставена од Холи, затоа што не сакала потоа да ги напушти своите сакани миленици кога еден ден ќе дошол и денот кога и неа ќе ја немало.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе