7 најсвети места во исламската религија

Џамиите се свето место за муслиманите, секоја од нив ја чува традиционалната естетика на исламскиот свет. Тие играат важна улога во животот на секој муслиман.

Секоја година над 2 милионa муслимани од целиот свет патуваат за да ја исполнат својата света должност - Хаџ, кој мора да го направат барем еднаш во животот сите полнолетни муслимани кои се физички и финансиски способни за тоа. Иако патувањето во Мека, кој е најсветиот град за муслиманите, е задолжително, муслиманите со задоволство ги посетуваат и другите, подеднакво свети знаменитости.

Многу луѓе во моментов не можат да патуваат поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, не ни пречи да се восхитуваме на културното и духовното значење на овие места.

1. Големата џамија во Мека

Исто така се вика и Света џамија или Харам џамија (اَلْمَسْجِدُ ٱلْحَرَامُ), се наоѓа во Мека во Саудиска Арабија. Во неа се наоѓа Ќаба (ٱلْكَعْبَة), најсветото место во исламскиот свет. Како една од дестинациите на хаџот, секоја година прима милиони верници. Најстарите делови од денешната градба датираат од XVI век.

Џамијата има правоаголен централен двор опкружен со покриени места за молитва. Аџиите го користат дворот за да извршат ритуална обиколка на Ќаба, позната како таваф. Ќаба воедно е и кибла, место кон кое муслиманите се свртуваат за време на молитвата.

Во дворот има уште две свети места: станицата на Авраам, каменот што исламската традиција го поврзува со Куранскиот извештај за обновувањето на Ќаба од страна на Авраам и Исмаил, и бунарот Замзам, односно светиот извор.

Источно и северно од дворот се Ал-Сафа и Ал-Марвах, два мали рида меѓу кои аџиите одат седум пати - до таму и назад - за време на ритуалот познат како са'е. Во XX век, на џамијата ѝ бил дограден премин меѓу двата рида.

Ова е и најголемата џамија во светот, со површина од 356.800 м2.

2. Пророковата џамија во Медина

Модел за подоцнежната исламска архитектура. Домот на Мухамед и неговото семејство бил едноставна зграда, направена од тули, со двор каде што луѓето се собирале да ги слушаат неговите проповеди. Оттаму и името на џамијата (المسجد النبوي).

Во 624 година Мухамед наредил верниците да се свртат кон Мека, односно Ќаба за време на молитвата, па на ѕидот свртен кон тој град изградил покриено засолниште поддржано од столбови од палми. До потпорниот ѕид на дворот стоела покриена галерија, претходник на покриените ораториуми во подоцнежните џамии.

Минбер, т.е. амвонот бил додаден во 628 година, така што Пророкот бил издигнат во однос на собраните; покрај молитвата, Мухамед објавил нов закон од говорницата и ги решавал споровите.

Архитектите на подоцнежните џамии исто така комбинирале политички, судски и верски функции. Во 706 година калифот Ал-Валид I ги урнал оригиналните згради од тули и изградил нова џамија. Новата џамија, во која се наоѓа гробот на Мухамед, е едно од трите најсвети места во исламот и една од најголемите џамии во светот. Таа е секогаш отворена.

3. Најоддалечената џамија во Ерусалим

Џамијата Ал Акса (ٱلْأَقْصَىٰ) се наоѓа во градот Ерусалим. Се смета за трета најсвета џамија во светот по џамијата Ал-Харам и Ал-Набави. Историјата сугерира дека пред Пророкот и муслиманите да добијат наредба да се молат кон Ќаба, молитвите биле упатени кон оваа џамија, поради што сè уште има посебно место кај муслиманите.

Оваа џамија одиграла многу важна улога во животот на пророкот Мухамед. Главната причина била тоа што била дом на многу пророци уште пред Мухамед да отиде таму. Била центар на проповедањето на монотеизмот. Важен дел од историјата е Ноќното на патување или Ноќта на Исра.

Џамијата била изградена на вештачка платформа поддржана од сводови кои биле изградени за да се надминат тешките географски услови. Правоаголната џамија се простира на 36 хектари и може да прими 5.000 верници. Под куполата се наоѓа капела или муслиманска молитвена сала која се наоѓа во јужниот дел на месџидот. Фасадата на џамијата е исполнета со балустради составени од аркади и мали столбови.

4. Алиевата џамија во Ирак

Се наоѓа во Наџаф каде што се наоѓа гробот на Али ибн Аби Талиб, кој му бил братучед на Мухамед, а подоцна и зет. Шиитите го сметаат Али за свој прв имам, а сунитите за четврти. Оваа гробница секоја година ја посетуваат милиони верници.

Абасидскиот калиф Харун ал-Рашид ја изградил првата градба над гробот на имамот Али во 786 година, која вклучувала зелена купола. Оттаму и името на џамијата (مَسْجِد عَلِيّ).

Калифот Ал-Мутауакил го поплавил местото во 850 година, но Абул-Хаџа, хамданидскиот владетел на Мосул и Алепо, го обновил светилиштето во 923 година, вклучувајќи ја и големата купола.

Наџаф се смета за трет најсвет исламски град во светот по Мека и Медина.

5. Купола на карпа во Ерусалим

Оваа џамија е светилиште во Ерусалим изградено од Омајадскиот калиф Абд ал-Малик ибн Марван кон крајот на VII век од нашата ера. Тоа е најстариот зачуван исламски споменик.

Структурата се наоѓа на рамен издигнат плоштад познат за муслиманите како ал-Харам ал-Шариф (الحرم الشريف) - благородничкото светилиште, а за Евреите како Храмот или Ридот на храмовите (הַר הַבַּיִת).

Според муслиманите, карпата над која била изградена куполата е местото од кое пророкот Мухамед бил вознесен на небото за да се сретне со Бога (Миараџ). Во близина, на јужниот крај на плоштадот, се наоѓа џамијата Ал Акса; Муслиманите веруваат дека пророкот на чудесен начин бил префрлен таму од Мека ноќта на неговиот состанок (Ноќта на Исра). Терминот „џамија Ал-Акса“ обично се проширува за да го означи целиот плоштад.

6. Големата џамија во Џенe

Големата џамија во Џенe (الجامع الكبير في جينيه) во Мали била изградена од тули од кал и се смета за архитектонско достигнување на суданско-сахелскиот архитектонски стил. Се наоѓа во поплавната рамнина на реката Бани во градот Џенe. Првата џамија на ова место била изградена во XIII век. Сегашната структура е изградена во 1907 година. Тоа е место на светско наследство и едно од најпознатите знаменитости во Африка.

7. Џамијата Куба во Медина

Џамијата Куба (مَسْجِد قُبَاء) се наоѓа на периферијата на Медина и се смета за свето место за муслиманите. Првите камења на џамијата ги поставил самиот пророк Мухамед веднаш штом пристигнал од Мека во Медина. Таа е многу важна џамија за муслиманите бидејќи се верува дека тука била изведена првата џума, предводена од Мухамед.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе